Со недели се зборуваше за смешното цупкање во место на Заза и бесмислениот потег на Грациано Пеле. Од тогаш до денес поминаа 365 денови, а изминатата година на многу стадиони видовме катастрофално изведени пенали.
Денсот Ѕаѕа
Германија и Италија во мега-класикот се сретнаа на 2. јули 2016. Мечот заврши 1-1 и после продолженијата се отиде на пенали. За “Аѕурите“ прво погоди Лоренцо Инсиње, а после редот му дојде на актуелниот шпиц на Валенсија кој се местеше цела вечност. Симоне реши да го изведе пеналот така што ќе цупка пред да шутне.
Лоб? Каков лоб?
После Заза редот му дојде на Пеле, напаѓачот кој после Европското замина да игра во Кина.
Пред да го изведе пеналот, Пеле направи потег кој ги изнервира сите кои навиваа за Италија. Го гледаше во очи Мануел Нојер, еден од најдобрите светски голмани на сите времиња и му покажа со рацете дека ќе му направи лобче како неговите идоли Тоти и Пирло на времето
Но наместо тоа испадна смешен.
Един Џеко - мајстор за промашување пенали
Најдобриот напаѓач во Серија А сезонава, Босанецот Един Џеко стана прв стрелец со 29 гола. Но во изминатата сезона Џеко промаши неколку пенали после кои самиот лично одлучил веќе да не ја зема топката да изведува.
На 15. јануари годинава против Удинезе на „Дачија Арената“ Един ја опна толку силно што топката 3 дена ја барале на паркинг.
Во 99% од случаите лошо изведените пенали не завршуваат во мрежата. Но има исклучоци, секако.
На 26. февруари годинава најмногу реакции предизвика шутот од 11 метри на Карлос Бака на мечот Сасуоло - Милан. Дискусијата се отвори поради тоа што егзекуцијата на Бака беше нерегуларна. Колумбиецот пред да шутне, се лизна и два пати ја удри топката во пад: еднаш со десна а потоа и со левата. Но топката заврши во голот а судијата го призна.
Лобчето во обид на Бернардески
Требаше да биде лоб, но талентираниот крилен напаѓач на Фиорентина тргна бавно и не ја подкрена топката доволно високо па бавниот шут лесно го фати мајсторот за казнени удари Самир Хандановиќ.
Сусо без осет
На 24 април смешен пенал изведе Сусо на „Сан Сиро“ каде играа Милан и Емполи. Гостите водеа 0-1, а Шпанецот по еден прекршок над Пашалиќ во шеснаесетникот изведе незаборавен пенал.
Глупоста на Мојзе Кин
Младиот напаѓач на Јувентус (роден 2000-та) веќе дебитираше за „Старата дама“ и стана еден од најмладите дебитанти во клупската историја.
За време на еден меч против Фиорентина со младинците на Јувентус, Кин проба да го имитира Тоти но резултатот беше ужасен. Голманот на Фиорентина Микеле Черофолини полесен шут не одбранил ни на тренинг.
Пато како Ѕаѕа
Во кинеската лига на 11. март 2017-а, Александре Пато на мечот Шангај Шенхуа - Тјанџин Кванжиан имаше шут да го реши мечот на 3 минути пред крајот од пенал. Пато шутираше толку силно што топката за малку ќе ја префрлеше трибината зад голот.