Таг: мануел ноер

Првиот црвен картон во кариерата на Мануел Ноер

По 20 години кариера, 769 настапи за клуб и 124 за репрезентација, легендарниот германски голман за прв доби директно исклучување. Црвениот картон го заработи во полето каде што обично многу сака да игра со топка, а тоа е надвор од шеснаесетникот. Згора на сè, Баерн е исфрлен во осминафиналето од Купот од актуелниот германски првак, Баер Леверкузен.

На Ноер многу му се игра со топка

Ќе остане запаметен како еден од најјаките голмани со многу признанија, награди и срушени рекорди. Пет пати е прогласуван за најдобар европски голман и пет пати најдобар светски, заедно со Буфон и Касиљас. Во 2014-та заврши трет во изборот за Златната топка зад Роналдо и Меси. Има 28 трофеи со Баерн и е единствен голман со две тројни круни. Има уште многу за редење, но има една карактеристика по која се двои од сите.

Старо, ама добро

Мануел Ноер знае многу добро каде е забавата на лето. Остај друго, него и спремен е дечкото за хрватска песна. Не бе, овој не е Германец.

Со Мануел Ноер најдовте да садите краставици

Домаќинот на ЕП, Германија и Украина одиграа пријателска без голови. Додуше Украинците беа печени да поведат и имаа празен гол кој им го овозможи Ноер. Ама чекај да видите како заврши нивната акција поради авантуристичкиот излет на Ноер.

Ноер vs Кристијано, вонземјанска одбрана

Погледнете на што налетавме. Стара снимка од Баерн - Реал со удар на Роналдо кој ќе го видите во гол. Според секоја логика ова треба да е гол и точка. Каков е овој зачудувачки голмански рефлекс на Мануел Ноер при толку силен шут? Неверојатно нешто. Ко на ракомет.

Забележавте ли кој и на каков начин ја почна акцијата за вториот гол на Баерн?

„Пеп Гвардиола не го гледа голманот како голман, туку како 11-ти играч на теренот. Навистина уживам во тоа“, ќе каже Мануел Ноер, најнепредвидливиот голман со топка, кој ужива да игра со нејзе. Погледнете го ова додавање од почна акцијата кога Баерн го сврте мечот на 1:2.

Па невозможно е ова што го стигна Ноер

Само три дена откако ја спаси Германија од пораз во Будимпешта, неприкосновениот Мануел Ноер правеше чуда и против Италија. Имаме две луди одбрани, првата најлуда на свет.

Каков цар од голман е Ноер, асистенција му направи на Левандовски

И покрај тоа што имаа 4:2, германската машинерија бараше петти гол во финишот против Бенфика. Вртеа полека на нивна половина, кружеа, ама нешто да им одеше, па ја вратија на голман. Ама голманот им се вика Мануел Ноер, човек кој многу љуби да игра понапред. Шах - мат и тоа на прва.

Главниот германски голман крпеше мрежа

Мануел Ноер, во договор со селекторот Јоаким Лев и колегите голмани, не беше на голот за мечот против Македонија. Во епскиот дуел, Тер Штеген кој често се менува со Ноер во репрезентацијата, бранеше во Дуизбург. А голманот на Баерн синоќа се врати на голот во дербито со Лајцпиг на гости.

8 секунди со голманот кој не седи мадро

Ама па и никогаш кај него не било модро, бидејќи се вика Мануел Ноер, брани за Баерн и знае како да царува и надвор од шеснаетник. На моменти е спектакл за гледање, затоа и постои ваков клип со него.

Мануел Ноер пуштен на најјако

По вечната репрезентативна пауза, се врати клупскиот фудбал. Баерн Минхен се сопна со Вердер Бремен (1:1), а можеше и да изгуби да не беше човекот кој освои 23 пехари во кариерата и кој денес го одигра 400. јубилеен меч во кариерата. GOAT.

Ретко некој вака да го надмудри Ноер

Швајцарија синоќа и одигра 3:3 на Германија на гости, а во 26 минута имаше предност од 0:2 по една контра во која фудбалерот на Аталанта Ремо Фројлер ептен мангупски му одигра на еден од најдобрите голмани во светот.

Пајак служба Мануел Ноер, појак од Халанд во дуел 1 на 1

Баерн Минхен и Борусија Дортмунд одиграа спектакуларен меч во германскиот Супер Куп. Баварците поведоа со убедливи 2-0 преку Толисо и Милер, ама Дортмунд се врати на 2-2 преку Јулијан Брандт и Халанд. Ноер го спасуваше Баерн од нов пораз, а Кимих во 82’ минута на Баварците му донесе петти трофеј сезонава (ЛШ, Бундеслига, германски Куп и Супер Куп) и УЕФА Супер Куп.

Ракометарската одбрана на Ноер во 92-ра вредна трофеј

Додека синоќа целото внимание беше свртено кон квалификациите од ЛЕ и гостувањето на Тотенхем во Скопје, на Пушкаш арената во Будимпешта, Баерн Минхен ја совлада Севиња 2:1 во Супер Купот на Европа со гол во 104-та минута и смести нов трофеј во витрината. Мануел подиве.

Како тргнало, ќе го видиме Мануел Ноер во Антички театар

Еден од најдобрите голмани на сите времиња, Германецот Мануел Ноер кој пред неколку дена со фантастични одбрани му донесе втор пехар на Баерн во Лигата на шампиони, летово одмораше на хрватското приморје каде е чест гостин последниве години. Секоја втора вечер се појавуваа снимки како Ноер пее хрватски песни.

Ноер пеел хрватска песна од спорниот Томпсон, па го критикуваат во Германија

Еден од најдобрите светски голмани на сите времиња, Германецот Мануел Ноер веќе неколку недели е на јадранското приморје во Хрватска каде ужива со пријателите. Многу жители на хрватските острови објавуваа фотографии со голманот на Баерн кој вози велосипед, руча по локалните таверни и многу приземно се однесува.

Ноер е во викендица, тренира турбо

Мануел Ноер не се излежава, туку одржува форма со тренерот на голманите на Баерн Минхен, Тони Топаловиќ. Локацијата му е на мирно место, во планински предел и покрај езеро, а царот ставил и гол поголем од дворот.

Кога Ноер ќе тргне во напад тоа е пола гол

Остај што тоа му е стил од кој не се откажува и што е ризик, туку тој кога ќе ја фати, сериoзно сака да тргне што понапред и да организира напад. Погледне синоќа што произлезе од неговата акција.

Ноер го прати Сон во Кореја

Кога Мануел Ноер ќе добие топка во шеснаесетник на нога, не завршува акцијата како и со секој друг голман. Уште па да се обидеш да му ја земеш, ќе те излета ко мало дете.

Многу чудна одбрана на Ноер

Откако неговата резерва во репрезентацијата, Марк-Андре Тер Штеген отворено праша како е можно да брани редовно и добро во Барселона, а во Германија да биде резерва, Мануел Ноер му одговори на гостувањето против Лајпциг (1:1).

Мануел Ноер има нешто да ви покаже

Сите знаат дека не го држи место и дека е голман кој го красат разно разни интервенции надвор од шеснаесетник. Ама ова што го направи е некако ептен јак и храбар мад факр потег.

Дали го видовте дриблингот на Нојер?

Со головите на Лерој Сане и Марко Ројс, Германија славеше 0-2 во Минск и го преброди гостувањето кај Белорусија ама момент на мечот беше лудо храбриот дриблинг на голманот Мануел Нојер кој веќе ги навикна сите со коцкањето пред свој гол.

Методите на работа на најдобриот младински тренер во Германија

Норберт Елгерт е тренер на младинците на Шалке и човек од кого за фудбалот и општо за животот научиле многу фудбалски ѕвезди меѓу кои Месут Озил, Мануел Ноер, Лирој Сане, Сеад Колашинац, Јулијан Дракслер.

Страшниот гол на Евра на кој се израдува и голманот

На реваншот од четвртфиналето од Лига на шампиони меѓу Баерн и Манчестер, Патрис Евра во 57’ минута даде страобален гол кој во еден момент изгледаше дека го прослави и Мануел Ноер.