Но во меѓувреме излезе видео на кое се гледа како Ноер одлично добро знае една песна од Марко Перковиќ - Томпсон, осведочен симпатизер на усташката НДХ и естраден уметник кој е забранет во неколку европски земји поради тоа што велича воени злосторници од Втората светска војна.
„Не зборувам хрватски јазик така што навистина не знаев што пеам ниту од кој пеач“, рекол Ноер на прашање од германски Билд.
Германските медиуми ја опишаа песната и контроверзниот пеач Томпсон:
„Ова е патриотска песна во која се слават разни региони. Проблем е што во неа како дел од Хрватска се споменува и „Херцег Босна“ како што Хрватите го нарекоа делот од Босна и Херцеговина од кој за време на војната во '90-те години направија автономна област која сакаа да ја припојат кон Хрватска.
Хрватите до Херцег Босна дојдоа така што етнички ја исчистија од Бошњаци и Срби, притоа масакрирајќи цивили од овие националности и масовно го ограбувале нивниот имот. Така настанатата Херцег Босна се слави во песната како „гордо срце“. Неа ја пее Марко Перковиќ Томпсон кој инаку го велича хрватскиот фашизам. Тоа го докажа со песните „Јасеновац и Градишка Стара“, песни кои глорификуваат убивање на Срби, Евреи и Роми во наведените концентрациски логори на усташите, хрватски сојузници на нацистите во Втора светска војна. Поради тоа на Томпсон му е забранет влез во неколку европски земји“.