Ќе остане запаметен како еден од најјаките голмани со многу признанија, награди и срушени рекорди. Пет пати е прогласуван за најдобар европски голман и пет пати најдобар светски, заедно со Буфон и Касиљас. Во 2014-та заврши трет во изборот за Златната топка зад Роналдо и Меси. Има 28 трофеи со Баерн и е единствен голман со две тројни круни. Има уште многу за редење, но има една карактеристика по која се двои од сите.
Едноставно ова е Ноер, без разлика дали игра во Куп против Ајнтрахт Брауншвајг или против ПСЖ во ЛШ. Кој знае па на тренинзи што прави. Шпиц го ставаат до Кејн.