Најдобриот германски голман на сите времиња, на мечот со Лајпциг забележа уште еден голем рекорд: 200 меча во Бундеслига без примен гол. Ноер има 8 шампионски титули и 432 настапи во Бундеслига и е прв голман кој не примил погодок на дури 200 дуели.
Во саботата пред натпреварот меѓу првопласираниот и второпласираниот во Бундеслига кои се борат за титулата, се појави мал проблем. На мрежата на голот кој во прво полувреме го чуваше Мануел Ноер се појавила дупка.
Линискиот судија при проверката приметил и го известил главниот судија на мечот. Во меѓувреме Ноер реши сам да ја среди работата, па со еден од пешкирите ја крпеше дупката на мрежата.
Набрзо Ноер му покажа на главниот арбитар што направил, ама овој само одмавна со глава и нешто му кажа на голманот на европскиот шампион.
⚒️ Klusjesman Neuer lost dit probleem toch zeer netjes op. Alleen is de grensrechter het er niet mee eens.
— ESPN NL (@ESPNnl) April 3, 2021
📺 ESPN 4
#️⃣ #rblfcb pic.twitter.com/BuFij0PdoP
Во еден момент судиите викнале работник на стадионот кој успеал да ги соедини мрежите како што треба, а Ноер го набљудувал целиот ремонт од страна. Баерн Минхен на крај славеше 0-1 со гол на Леон Горецка во 38' минута и му се одлепи на РБ Лајпциг +7 бода (64 наспроти 57) после 27 одиграни натпревари.