Таг: мануел ноер

Што голманишта ќе беа Ноер и Буфон

Ќе речат голманот со своите одбрани го добива мечот во ракомет, а што да кажеме за двајцава монструми кои во последниве два дена во ЛШ реагираа како Штербик. Да не беа овие нивни луди интервенции Јувентус сигурно ќе патуваше на реваншот со примен гол, а Реал ќе имаше убедлива победа од некои 1:4, 1:5.

Кога голманот многу игра ФИФА 2017

Голманите имаат посебна страст да излезат надвор од својот гол, да дриблаат, да избијат топка со глава, да бидат во улога на петтиот одбранбен играч. Тоа често скапо ги чини.

Не залудно е најдобар германски голман

Едноставноста со која Ноер брани на тренинзите и натпреварите го прави еден од најуспешните германски голмани на сите времиња. Селекторот на Панцирите Јоаким Лев ќе го има најсигурниот голман на предстојното ЕП 2016-та.

Шут у дупе на баварски начин

Фудбалерите на Баерн Минхен се толку доминантни во Бундеслигата и германскиот Куп што може да си дозволат на тренинзите понекогаш да ја играат и омилената маалска игра на секое дете.

Баерн Минхен ќе биде прв и без голман

Најдоминантниот тим во Германија е толку силен, што може да биде лидер во Бундеслигата и без најдобриот голман во светот.

Ноер како мачка на Емирати

Арсенал и Баерн Минхен го затворија полувремето во Лондон без голови, а најзаслужен за тоа е Мануел Ноер кој одбрани топка која беше видена во голот.

Стилот на Ноер

Шампион во Германија со Баерн Минхен, шампион во Европа со Баерн Минхен, Светски шампион со Германија, најдобар голман во светот за 2014-та. На сето ова знае и да дрибла, да лобува и да истрча за никој да му припари ниту во близина на шеснаесетникот. Па кој голман не сака да биде како Мануел Ноер?

Необичен ден во Баерн Минхен

Објаснување за стартната брзина на Робен, како Ноер има најдобри одбрани и во која мера боксот му помага на Давид Алаба во фудбалот. Сè во едно видео.

Голмани или мачки?

УЕФА ја објави номинацијата за најдобра одбрана на сезоната 2014/2015. Во конкуренција се неверојатните паради на Џиџи Буфон, Мануел Нојер и Џо Харт.

Шармантно ироничниот Ноер

Баерн Минхен постираше видео на својот канал на јутјуб. Нивниот голман освен што прави чиста на 30 метри од својот шеснаесетник, не сака да го закачаат и додека јаде.

Ноер прими гол од слободен после 5 години

Голманот на Баерн Минхен и германската репрезентација немаше примено гол од слободен удар од септември 2010. година. Така беше сè до овој викенд, кога Хакан Чаланоглу од Баер Леверкузен го матираше со прекрасен удар од 20-ина метри.

Рекордмајстер Баерн Минхен

Баварците имаат шест победи по ред во Бундеслигата, а последен пат галопираа во Бремен против Вердер каде славеа 4:0 и стигнаа до 24-та првенствена победа. До крајот имаат прилика да урнат неколку рекорди, поставени од нив, но и од други екипи.

Кристијано Роналдо е најдобар фудбалер зa 2014 година

Кристијано Роналдо застана рамо до рамо со Мишел Платини и Марко Ван Бастен, откако вечерва по трет пат беше избран за најдобар фудбалер вo светот во една календарска година. Голот на Хамес Родригез против Уругвај најдобар на годината.

Роналдо, Ноер или Меси?

Јоаким Лев и Диего Марадона го фаворизираат Германецот. Во Мадрид се убедени дека ќе победи нивната ѕвезда, а така налагаат и кладилниците. Каталонците пак постои можност да ја бојкотираат вечерашната церемонија на ФИФА, поради забраната за вршење трансфери.

Ако победи Ноер, Станковиќ ќе го наградува

На 12. јануари следната година е изборот за најдобар играч за 2013-та година. Кандидати се Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Мануел Ноeр. Во случај да победи Германецот, поранешниот играч на Интер и Лацио би можел да му ја врачи наградата затоа што најдобро го познава.

Рефлексите на Мануел Ноер

„Единицата“ на Баерн Минхен и германската репрезентација важи за еден од најдобрите голмани во светот. Наместо конфекциски да го опишуваме како "храбар, луд и сигурен голман," имаме клип со негови топ 5 одбрани што ќе ви каже се што треба.

На Ноер му е досадно во шеснаесетник

На вчерашниот дуел против Келн, чуварот на голот на Баварците напаѓаше заедно со неговите играчи. Тоа е всушност тактика на Гвардиола кој му наложил да биде на центарот од теренот додека сите други се во напад.

Меси vs Ноер

Најдобриот голман на Светското слободно можеше да го добие признанието и на Меси. Бранеше перфектно на сите мечеви, се фрлаше како мачка на секое можно место во шеснаесетникот, а често интервенираше и надвор од него. Статистички во еден параметар успеа да го “изеде“ лидерот на Аргентина.

Ноер место не го држеше

М'Боли Раис синоќа правеше чуда на голот на Алжир се до стартот од продолженијата, а неговиот колега од спротивната страна трчаше насекаде на теренот за да им ги умртви контрите на Африканците. Статистиката покажува дека од 59 допири со топката, 21 му биле надвор од шеснаесетникот.

Ноер ја погоди целта

Мануел Ноер освен што е еден од најдобрите голмани во Европа, докажа дека е добар и како играч. Минатата сезона реализираше пенал на финалето од ЛШ против Челси, а викендов по кратко жонглирање успеа од 50 метри да го погоди во глава соиграчот Тони Крос.