Кој стапнал на греблото?
„Ќе се вратам за финалето на Лига на шампиони“, во септември потпрен на штаки на новинарите им изјавил повредениот Мануел Нојер.
Неговата повреда стана најлоша вест за Баерн. После пролетната повреда голманот почна да се опоравува а управата се прекрстила за таква ситуација веќе да не се повтори со еден од двајцата најдобри голмани на свет.
Нојер отсуствуваше пола година и го остави местото на гол слободно. Баерн изминатото лето се изнатроши многу пари но не даде ни денар за голман, па пролетната конфузија се повторува и на есен. Потрагата за голман беше невозможна поради тоа што преодниот рок се затвори и мораа да бираат што имаат на клупа.
Изненадна прилика за третиот голман
„А кој ќе брани? Улрих? Тој тапанарот на Металика?“, таква била реакцијата кога управата дознала дека прв голман на екипата ќе стане Свен Улрајх. 29-годишниот голман во Штутгарт беше прв избор, покажа солидни резултати а потоа сфатил дека трофеите му се поважни.
Баерн го земал со предумислата: „Нема зијан од него“, а после две сезони Свен стана спасител на екипата.
Играта на Улрих е нестабилна како атмосферата на планетата Церера. Прими гол од „мртва“ топка против Шалке, прими смешен гол од Волфсбург и Хофенхајм, но затоа од последните две пенал-серии Баерн излегуваше како победник благодарение на Улрих - во Супер Купот и против Лајпциг во Купот на Германија.
Враќање на стариот волк
Том Штарке, ветеранот кој пола век му беше замена на неприкосновениот Нојер минатата сезона ја заврши кариерата. Уште е свежо сеќавањето на прошталната сцена со Лам, Алонсо и Штарке. Третиот голман бранеше на Audi Cup и сега ја добил позицијата координатор на голманите во младинскиот центар на Баерн.
Но повредата на Нојер го присилила Штарке да ја возобнови кариерата. Во тоа време стручниот коментатор на ZDF легендарниот Оливер Кан лупал по масата и викал: „Можно ли е ова“?
Свежа сила
Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола нешто многу не се срамеа да се вдлабочат во младинскиот состав на Баерн и да најдат некој талентиран голман.
Така актуелниот тренер на Сити во 2015-та приметил 15-годишен голман кој се развива побрзо од својата генерација. Тоа дете се вика Кристијан Фрухтл кој денес има 17 години и е висок 1.93 сантиметри. За него се слушнало за време на Меѓународниот куп на шампиони за млади кога Фрухтл им одбранил неколку пенали на младинците на Арсенал во серијата. Него го сметаат за наследник на Мануел Нојер.
Игра со нозете често, има чувство за казнетиот простор и ладнокрвен е - тоа се најсилните страни на Кристијан Фрухтл.
Што понатаму?
Мануел Нојер се опоравува потешко од очекуваното па неговото враќање сигурно нема да значи и брза прва постава. Паника не ги фаќа само навивачите на Баерн туку и управата: Баварците пројавиле интерес за Донарума и за Тер Штеген. Должни се да му најдат замена на Нојер макар привремено.
Германскиот репрезентативен голман девет години игра со плочки во стопалото и покажа колку е приврзан со клубот. Пред него е Светско првенство во улога на капитен и пат кон шеста ѕвезда на дресот на Баерн. Херојот од Мундијалот 2014 не може така просто да се откаже од овој сон.