На свечената церемонија во палатата Конгерсхаус во Цирих, вечерва Златната топка за најдобар играч во изминатата година ја доби Кристијано Роналдо, кој ги победи Лионел Меси и Мануел Ноер. Во конкуренција на Диего Симеоне и Карло Анчелоти, за најдобар тренер е избран Јоаким Лев, кој го освои златото со Германија во Бразил.
Португалецот претходно Златната топка ја освојуваше во 2009 и 2013 година.
Фудбалер на годината:
Кристијано Роналдо (Германија)
ФИФА тим во 2014. година:
Мануел Ноер - Филип Лам - Давид Луиз - Серхио Рамос - Тиаго Силва - Андрес Иниеста - Тони Крос - Анхел Ди Марија - Лионел Меси - Кристијано Роналдо - Арјен Робен
Најдобар тренер:
Јоаким Лев (Германија)
Најдобар тренер во женски фудбал:
Ралф Келерман (Волфсбург, Германија)
Награда Ференц Пушкаш за најубав гол во 2014:
Хамес Родригез (Колумбија)
Најдобра фудбалерка:
Надин Кеслер (Волфсбург, Германија)