Таг: мануел ноер

Ако победи Ноер, Станковиќ ќе го наградува

На 12. јануари следната година е изборот за најдобар играч за 2013-та година. Кандидати се Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Мануел Ноeр. Во случај да победи Германецот, поранешниот играч на Интер и Лацио би можел да му ја врачи наградата затоа што најдобро го познава.

Рефлексите на Мануел Ноер

„Единицата“ на Баерн Минхен и германската репрезентација важи за еден од најдобрите голмани во светот. Наместо конфекциски да го опишуваме како "храбар, луд и сигурен голман," имаме клип со негови топ 5 одбрани што ќе ви каже се што треба.

На Ноер му е досадно во шеснаесетник

На вчерашниот дуел против Келн, чуварот на голот на Баварците напаѓаше заедно со неговите играчи. Тоа е всушност тактика на Гвардиола кој му наложил да биде на центарот од теренот додека сите други се во напад.

Меси vs Ноер

Најдобриот голман на Светското слободно можеше да го добие признанието и на Меси. Бранеше перфектно на сите мечеви, се фрлаше како мачка на секое можно место во шеснаесетникот, а често интервенираше и надвор од него. Статистички во еден параметар успеа да го “изеде“ лидерот на Аргентина.

Ноер место не го држеше

М'Боли Раис синоќа правеше чуда на голот на Алжир се до стартот од продолженијата, а неговиот колега од спротивната страна трчаше насекаде на теренот за да им ги умртви контрите на Африканците. Статистиката покажува дека од 59 допири со топката, 21 му биле надвор од шеснаесетникот.

Ноер ја погоди целта

Мануел Ноер освен што е еден од најдобрите голмани во Европа, докажа дека е добар и како играч. Минатата сезона реализираше пенал на финалето од ЛШ против Челси, а викендов по кратко жонглирање успеа од 50 метри да го погоди во глава соиграчот Тони Крос.