„Панцирите“ едвај го пробија маѓепсаниот гол на Алжир

Ниту 90 минути не му беше доволен на дрим тимот на Германија кој се очекуваше глатко да го мине изненадувањето во осминафиналето. Голманот на Алжир М'Боли Раис беше главниот виновник поради кој на мечот немаше победник во регуларните 90 минути.

Германија - Алжир 0:0 (2:1 по продолженија)
Ширле 92` Озил 119` - Џабу 120`

Избраниците на Јоаким Лев се изнамачија против неприкосновениот чувар на голот на Алжир кој го покри голот на пресметката во Порто Алегре. Упорните Германци стигнаа до погодок со понош на нововлезениот Ширле кој го отвори резултатот на самиот старт на првото продолжение. На минута до крајот Озил ја зголеми предноста за сигурно четвртфинале против Франција, а селекцијата која имаше свои моменти и шанси на овој меч, успеа да стигне до почесен погодок веќе во следниот напад.

1 јули 2014 - 00:41