На вчерашниот дуел против Келн, чуварот на голот на Баварците напаѓаше заедно со неговите играчи. Тоа е всушност тактика на Гвардиола кој му наложил да биде на центарот од теренот додека сите други се во напад.
Репрезентативниот голман на Германија сигурно се радувал кога ја добил таа задача, бидејќи е познат по тоа што сака да игра во среден ред. Пола од интервенциите на Мундијалот му беа надвор од својот шеснаесетник.