Баерн Минхен ќе биде прв и без голман

Најдоминантниот тим во Германија е толку силен, што може да биде лидер во Бундеслигата и без најдобриот голман во светот.

Мануел Ноер сезонава по 13 одиграни кола прими само 5 гола, а неговите колеги дадоа 40. Статистиката на БТ Спортс покажува дека тој и да не го чувал до сега голот на Баварците, тие пак ќе бидат први на табела.

Тоа го тврдат врз база на сите досегашни удари во рамки на голот на Баерн Минхен. Доколку голот бил празен и сите тие шутеви завршеле во гол, промена на врвот на табелата пак немало да има.

Баерн минатиот викенд славеше на гостувањето против Шалке со 3:1, а останатите четири примени голови им се од Борусија Дортмунд, Волфсбург, Аугзбург и Хофенхајм.

На табелата во германското првенство, втор на табела е тимот на Борусија Дортмунд кој има 8 бода помалку од Баерн.

25 ноември 2015 - 13:22