Резервниот и трет голман на Баерн Минхен Том Штарке (36) долги години беше во сенка на неприкосновениот Мануел Ноер, но тоа не му сметаше подеднакво да им се радува на 13-те пехари во кариерата со Баерн.
Том Штарке кој неодамна се пензионираше заедно со Филип Лам и Чаби Алонсо, на „Алијанц Арена“ дојде во 2012-та и за пет години само осум пати бранеше на официјални натпревари во Бундеслига. Штарке меѓу стативите стоел 640 минути во сите натпреварувања откако е дојден во Баварија, и во просек освојувал по два пехари на еден одигран меч.
Со Баерн освои: 3 германски Покал Купа, 5 Бундеслига титули, 2 германски Супер Купа, Лига на шампиони, УЕФА Супер Куп, ФИФА Светско клупско првенство.
Прашање е зошто Штарке не бранеше повеќе ни кога Ноер тешко го повреди стопалото на мечот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Пред него секогаш имаше место за Свен Улрих.
Том Штарке е еден од ретките германски фудбалери родени во Источна Германија. Првпат ги облекол ракавиците во дресот на Динамо Дрезден како мал, а на рана возраст ги заинтересирал скаутите на Баер Леверкузен.
Од „Бај Арената“ каде за 7 години не бранеше ниеднаш за првиот тим отишол на позајимца во Хамбургер II, а потоа го чуваше голот на Падерборн, Дујзбург и Хофенхајм пред шампионот Баерн Минхен во 2012-та да сфати дека им треба таков резервен голман за атмосфера во соблекувалната.
Стручниот штаб побарал од него летово да биде присутен на последниот ревијален AudiCup - негов последен. По завршувањето на кариерата Штарке планира да остане во фудбалот: Веќе имал понуда наскоро да стане тренер на голманите во една од младинските категории.
TOM STARKE!
— FC Bayern US (@FCBayernUS) May 1, 2017
Matches: ⚽ ⚽ ⚽ ⚽ ⚽⚽⚽
Bundesliga: 🏆 🏆 🏆 🏆 🏆
Pokal: 🏆 🏆 🏆
DFL Supercup: 🏆 🏆
UCL: 🏆
UEFA Super Cup: 🏆
FIFA Club World Cup: 🏆 pic.twitter.com/arrrPvG0ya
Ќе биде запаметен како резервен голман со најмногу освоени трофеи, но и по одбранетиот пенал со лице против Нирнберг: