Барселона не смее да пазари во 2015-та

Арбитражниот спортски суд ја одби жалбата на Каталонците и со тоа клубот официјално ќе треба да мирува на трансфер пазарот идната година.

Дисциплинската комисија на ФИФА во април годинава ја казни Барселона да не може да купува играчи во период од една година поради прекршувањето на правилата во трансферите на млади играчи.

„Спортскиот арбитражен суд ја одби жалбата на Барселона која беше поднесена против ФИФА на 19 август 2014 година. Поради оваа одлука шпанскиот клуб е казнет со забрана за вршење трансфери во следните два преодни рока, парична казна од 450 илјади франци, како и укор откако беше утврдено дека се прекршени прописите на ФИФА во врска со регистрирањето на млади играчи“, стои во соопштението на Судот.

Каталонскиот клуб нема да има право да прави трансфери во следниот зимски и летен период, но ќе може да ги продолжува договорите на своите играчи и да ги врати фудбалерите на „Кам Ноу“ кои им се дадени на позајмица.

30 декември 2014 - 12:03