Најсрамниот пенал на сезоната го доби Атлетико

Судиите на синоќешниот дерби меч од Ла Лига тотално го изгубија компасот. Досудија три пенали од кои еден постоечки, друг сомнителен, трет тешки срамотилаци. Каква ли технологија треба да излезе за да се престане веќе со овој аматеризам.

Одиме со ред:

Првите возбуди на средбата се случија уште по само 11 минути игра откако Диего Коста си ја закопа, а потоа утна пенал, но за негова среќа судијата го поништи и друг се намести да го понови по што го израмни резултатот.

Каталонците се вратија во водство во 50-та минута со вториот пенал на средбата на кој Меси го понижи Облак. Пеналот е сомнителен, но тука барем веројатно има контакт и може воопшто да се дискутира за удар од 11 метри.

Погледнете го вие овој превид. Како е можно на толку судии и технологии некој со сиот памет да досуди пенал во ситуација кога играч сам себе се фаулира. Караско си ги сплетка нозете и Атлетико на тој начин стигна до конечни 2:2. Циркуз Медрано.

Ај пак 

Плус ако до толку се ситничи дека Тер Штеген неправилно излегол од линијата пред време, па му поновија пенал на Атлетико, тогаш и пеналот на Атлетико требаше да го поништат, бидејќи Кореа е влезен во шеснаесетник пред да биде изведен.

Бонус:

Меси го прати Лоди на море

1 јули 2020 - 09:22