По абнормалниот срам кој Срѓан Обрадовиќ ѝ го нанесе на својата федерација, вчера на мечот Јавор - Рад, неговиот колега Александар Васиќ одлично реагираше и го исклучи гостинскиот фудбалер Немања Петровиќ поради очигледна глума во 66’ минута.
Знаете ли од што ќе му биде најмногу срам на Милорад Мажиќ кога на 26 мај ќе стаса во Киев? Да каже од каде доаѓа. За Србија веќе три дена се пишува низ цел свет дека судија завршил во станица откако измислил пенал на прволигашки натпревар.
Мајкл Оливер ги учел судиските правила уште на 4 години и денес е најмладиот судија во англиската Премиер лига. Неколку пати го критикуваа Венгер и Мурињо но од ФА сезонава му довериле дури 33 меча во најдобрата англиска лига.