Срѓан Обрадовиќ е името и презимето на судијата кој си ја брука земјата, фудбалот во неа и пред се самиот себе. По најсрамниот пенал кој го досуди во директен дуел за Лига Европа, тој заврши на информативен разговор во полиција.
Според пишувањата на српските медиуми во полиција се појавил и фудбалерот на Раднички Саша Стојановиќ, кој требал да даде исказ, а денеска ќе бидат повикани и уште неколку негови соиграчи.
За Обрадовиќ постојат шпекулации дека паднал на полиграфско испитување, а членот на судиската комисија на фудбалскиот сојуз на Србија, Рака Ѓуровиќ за него вели:
„Судиската одлука каква и да е не подлежи на кривичен закон, но извесно е дека кај Обрадовиќ постои и некои други елементи за кривично гонење. Не верувам во случајност кога се во прашање вакви сериозни прашања, бидејќи тој во последните неколку месеци со одлуките кои ги носи, нејсвојствени за судење на тој ранг, сам си донесе сомнежи“.
А сега одиме со три негови “ремек дела“ по кои може слободно да кажеме дека кај нас не е до волку.
Напредак Крушевац - Слобода Ужице (младинска лига, 2012-та година)
ЧСК Пивара - Динамо Врање (втора лига, 2017/2018)
Црвена Звезда - Партизан (прва лига, 4 март 2017-та)