Во средината на декември Реал го победи Атлетико 2:0 во дербито на Мадрид. Победничкиот гол го постигна Бразилецот Каземиро кој беше играч на мечот но доби и жолт картон.
После мечот репрезентативецот на Бразил упатил пофалби до главниот судија.
„Треба да им честитаме на судиите за нивната работа, но пред се на Матеу ЛаозЛаоз кој за мене е најдобар. Лаос е најдобар судија во лигата. Иако има многу добри судии тој е најдобар. Најпаметно ги објаснува своите одлуки“, рекол Каземиро.
Лаоз долги години е во самиот врв на судии со знак на ФИФА и УЕФА. 43-годишниот Матеу е од Валенсија. Тој често суди топ натпревари.
Минатата сезона беше главен судија на полуфиналето од ЛШ меѓу Баерн Минхен и Лион (3:0), а сезонава веќе има 4 меча во елитата на кои покажал 20 жолти картони и досудил 5 пенали: ПСЖ - Ман. Јунајтед 1 пенал, Порто - Марсеј 2 пенали, Борусија - Лацио 1 пенал, Лајпциг - Манчестер Јунајтед 1 пенал.
Но за разлика од Каземиро со Лаоз не секогаш се сложуваат сите играчи.
Скоро на Меси му даде жолт картон откако Лионел при прослава на гол го соблече дресот под кој носеше дрес на Њуелс Олд Бојс со број 10 во чест на Диего Марадона.
Во обичен протокол, судија пишува дека дал жолт картон за соблечен дрес но Лаоз свесен дека беше посебен случај напишал:
„Во 73' минута играчот со број (19) Меси Кучитини Лионел Андрес беше опоменат од следната причина: за соблекување дрес после голот и покажа дрес од клубот Њуелс Олд Бојс од сезона 93/94 со број 10 на грбот“.
Лаоз и Меси имаат посебен однос. Во последното коло од сезоната 2013/2014, судијата при резултат 1:1 не му призна регуларен гол на Аргентинецот против Атлетико Мадрид кој можеше да биде златен гол за Каталонците. Мечот заврши нерешено а шампион стана Атлетико Мадрид со Симеоне.
После пет години Лаоз ја признал грешката и изјавил дека во таа ситуација многу би му помогнал ВАР кој тогаш го немаше.
Тренер во стручниот штаб на Барселона Елвио Паолорос изјавил дека Лаоз веќе им се извинил: „Меси даде гол кој ќе ни донесеше шампионска титула, а судијата го поништи. Плачевме во соблекувална, а судијата дојде и ни се извини. Таа беше тешка година“.
Во 2015-та Лаоз му признал нерегуларен гол на Меси во дербито со Еспањол (Суарез бил во офсајд). После мечот откако ја прегледал снимката, отишол кај играчите на Еспањол и им се извинил. Барса славеше 2:0 но на тој меч остана без Жорди Алба кој доби црвен картон.
ЛАОЗ ИМА НЕОБИЧЕН СТИЛ НА РАЗГОВОР СО ИГРАЧИТЕ, ГИ ПРАШУВА ЗА КОЛИ И РЕСТОРАНИ, ГВАРДИОЛА ГО СМЕТА ЗА НАДМЕН
Шпанскиот арбитар постепено се спремал за најдобрите светски натпревари.
Судиската кариера ја почнал во 1996 година. Во 1999-та почнал да суди во четврта шпанска лига. Од 2002 до 2004 судел во трета лига на Шпанија, а после цели четири сезони делел правда на дуели во Сегунда. Од 2008-ма е судија во Ла Лига.
Во 2011-та стана судија со знак на ФИФА. Дебитираше на пријателската меѓу Колумбија и Еквадор (2:0) одиграна во Мадрид. Во декември истата година дебитираше во групната фаза на Лига Европа, а после една година, во декември 2012 веќе работеше редовно во Лига на шампиони.
Во април 2014 првпат судел на финалето на Кралскиот Куп кога Реал ја совлада Барселона со 2:1.
Најголем успех во кариерата му беше работата на Светско првенство 2018 во Русија, а ги судел и младинските Светски првенства 2015 и 2017, како и на фудбалскиот турнир на Олимпијада 2016.
Тој денес важи за еден од најдобрите европски судии. Иако не сите го забележуваат неговиот ексцентричен стил на судење, играчите најдобро го познаваат.
Обично добриот судија треба да биде што помалку приметен, но Лаоз сака да биде во центар на внимание. Доаѓа на стадион во најмодерни наочари за сонце, намигнува во камера или на навиачите им покажува палец.
За ова во 2018 зборел Пеп Гвардиола. Тој му урлаше на Лаоз на полувремето од мечот меѓу Сити и Ливерпул во 1/4 финале на Лига на шампиони и доби црвен картон. После поразот Гвардиола изјавил:
„Овој судија е посебен дечко, многу сака да доминира. Секој пат кога луѓето гледаат очигледни нешта, тој решава да досуди поинаку“.
Минатата година Лаоз кажал за Пеп: „Гвардиола еднаш на страна ми кажа дека му се допаѓа како работам“.
Во 2016 шпанскиот судија му дал жолт на Роналдо за протести. Неколку медиуми соопштиле дека Португалецот пцуел на англиски јазик. Но Лаус му отишол на полувреме и го прашал: „Крис, нешто си нервозен или што е работата“?
Интересно, неколку играчи и тренери кажале дека ниеден друг судија не разговара со нив како Лаоз. Тој ги вика по име, им честита роденден или им прави муабет за бизнис во тек на мечот.
„На крајот од натпреварот Матеу ме праша кога ќе го отворам барот. Ми беше чудно. Сигурен сум дека камерите го фатија тоа. Во секој случај барот веќе беше отворен, и ако он дојдеше ќе го пречекав најдобро што можам. На друг натпревар ме прашуваше за мојата кола Volkswagen Beetle“, раскажал еднаш стоперот на Малага Велингтон.
Матеу Лаоз детално се спрема за секој меч. Ги гледа моментите од претходните натпревари на екипите на кои треба да им суди, за да може да го сфати односот на секој играч.
Тој учи и информациони вештини:
„За мене многу е важно да читам што пишува во медиумите. Сакам да знам како секој играч игра, дали има притисок, го обвинуваат ли а глума. Сакам да знам и лични ситауции од приватен живот да не изгубиле некој блиок итн.
Сакам да знам што се случило во текот на неделата со Меси, Роналдо или кој било друг. Сето тоа може да влијае на нивната реакција кон мене и морам да знам. Со часови читам, гледам видеа и го планирам мојот следен меч“, раскажал Лаос.
„Многу сум навлечен на фудбал. Сакав да бидам професионален фудбалер, но ми успеа да станам судија. Не го сметам ова за работа, ова е мое омилени хоби“, констатира светски познатиот шпански судија.