Таг: скопје

Скопје 1973, ништо не било подобро, а некако сè било подобро

73-та е годината кога Скопје го добива Градскиот трговски центар. По неколку месеци работа Радио-телевизија Скопје оди да поразговара со вработените во трговскиот, и што им оставило најголем позитивен и негативен впечаток во годината.

Кој бил Милун Мрвиќ?

Во 2019 во Белград се одржува изложба со фотографии од збирка на Музејот на град Скопје, кои претставуваат значаен историски артефакт за југословенските 1930-ти, но истовремено фрлаат индиректна светлина врз ликот и делото на еден мистериозен уметник.

Селска финта во мак фудбалот, последен пат видена во 90-те

Селската финта совршено се вклопи во мега популарната Фејсбук страница „Сеоски фудбал“, која е насочена главно кон балканштината. Горд на неа е навивач на ФК Скопје во дуел со играч на Академија Пандев. Значи зборуваме за прва лига.

Душан Јовановиќ: „Македонките се балкански првенки во милина“

На новогодишната ноќ во Љубљана почина Душан Јовановиќ (81), театарски режисер, драматург и есеист, автор на култниот драмски текст „Ослободувањето на Скопје“. Во неговата последна, автобиографска книга, тој со голема љубов зборува за Скопје и, особено, за Македонките.

Стадиони именувани во чест на фудбалски легенди

Со апсолутна почит за нашата најголема пеачка икона, но националната Арена во Скопје би требало да го понесе името на човекот кој е најголем спортски амбасадор на земјава. Додека сè уште беа активни играчи, стадиони во нивна чест добија Дидие Дрогба, Фернандо Торес и многу други.

Се одјави Гокси - скопска легенда и еден од основачите на Комити

Еден од основоположниците на македонската тифо сцена, Горан Костадиновски - Гокси утрово на 51 година почина во Скопје. Беше меѓу основачите на навивачката група „Комити“ а подоцна и идеен творец на групата „Сити Парк Бојс“.

Зошто не е можно да се чита во нашиот градски превоз?

Од време на време на социјалните мрежи се појавуваат фотографии од земји и култури каде има чуден обичај луѓето да читаат книги, во метро, трамвај, автобус. Придружниот коментар обично се однесува на нашиот примитивизам и неначитаност. И не дека не. Ама има и други, многу попрактични ограничувања.

Еден „навивач“ на Ренџерс расистички навредувал деца во Скопје, друг се изгубил

По триумфот од 2-0 во Глазгов и ремито 0-0 на реваншот во Скопје, трофејниот клуб го елиминираше тимот на Шкупи, а двомечот остана во сенка на расистичките навреди на еден кретен кој се декларира како навивач на Глазгов Ренџерс.

Емотивната приказна за СК Македонија во време на окупација

Легендарниот Васил Дилев - Дитљак важи за пионер на македонскиот фудбал кој како голман го чувал голот на СК Македонија. Роден во 1913, почина во 2011. Во 2010-та раскажа како во Скопје се играл фудбалот во едно баш туробно време.

Жижек: „Во архитектурата е вистината“

Познатиот словенечки филозоф, дојден во Скопје како поддршка на неговата сопруга Јела Кречич, која го промовираше македонското издание на својот роман „Нема друга“ во рамки на фестивалот Букстар а во издание на Антолог, на настанот беше запоседнат од луѓе кои сакаа да поразговараат и да се сликаат со него.

Запознајте го идниот градоначалник од минатото

Денес ова би се викало „фејк њуз“ или „кромид“. Но во 1989, сè уште бивша Југославија, не било очигледна зафрканција кога во весник, кој се викал ни помалку ни повеќе туку „Комунист“, некој ќе објавел манифест со кој се кандидира за градоначалник на Скопје. 

Како навивачите на Вардар спремаат кореографија

„Комити“ сериозно се вратија на сцена по бојкотот пред неколку години а доказ за тоа е и добрата организација за европските мечеви. Имаа добра „шеталица“, неколку запалени строба и фантастично навивање без големи падови.

Како е можно меч од прва лига да се следи од брдо?

Во период кога Работнички е домаќин во Ѓорче, а Вардар во Маџари нема крај на нелогичностите во македонскиот фудбал. Таман еден клуб пркна и тоа саглам до Лига Европа и пак треба да се занимаваме со непотребни загатки, зошто и како некој дозволил вакво нешто.

Пазариме црно во Скопје

Не дека ни треба изговор, ама ете (ќе) заладува (кај и да е, еве), има нови колекции, човек од црно не може да се умори, се комбинира со сè, плус доста се понашате ко да ви треба посебна причина да одите и да купите црна ташна. Што е битно која по ред.

Навивачки пречек на играчите на Милан во Скопје

За разлика од мерките за безбедност на Супер Купот кога врапче не можеше да прелета, овојпат екипажот на Милан дојде во центарот на Скопје без многу обезбедување. Росонерите пред хотелот ги пречекаа околу 300 навивачи од земјава кои гласно го поздравуваа секој што излегуваше од автобусот.

Колку чинеа карти за Вардар во Европа низ годините

Бурата која се крена околу првичната цена од 3.000 денари за Вардар - Фенербахче а која денес ја корегираа на 300 денари, ги натера колекционерите на влезници да протарачкаат по својот архив и да видат колку давале низ годините.

Пет пати поевтини карти за Милан отколку за Фенербахче

За разлика од управата на првакот, раководните луѓе на вицешампионот на земјава одлучија картите за мега-дуелот со славниот Милан да бидат по далеку поевтини цени од оние за мечот Вардар - Фенербахче.

Малиот на кој Мурињо му го даде медалот

„Понекогаш кога победувам не ги чувам медалите, па замислете кога ќе изгубам. За мене, медалот веројатно ќе завршеше во некое ќоше во домот, а за тоа дете е месечината - нешто што ќе го чува и ќе се сеќава“, изјави Жозе Мурињо после мечот. Малиот се вика Деџи.

Камерата која го следеше однесувањето на Роналдо на мечот

Не само што не се побуни што Зидан веројатно го одмораше за Ел Класико против Барса во недела, туку напротив ги бодреше и храбреше своите соиграчи а прописно се израдува и на голот на Каземиро па им даваше вода да се оладат.