Британската јавност е згрозена од извесен навивач на Глазгов Ренџерс кој на плоштадот во центарот на Скопје, кај централната фонтана, снима видео, со прст покажува кон дечиња и за едно по друго вика: „Грешка. Грешка. Грешка...“
Фан клубовите на Ренџерс бурно реагирале откако видеото се појавило на мрежата Snapchat.
Еден фан клуб на Ренџерс од Тел Авив го осудил инцидентот и побарал децата да бидат поканети на стадионот „Иброкс“ во Глазгов на следниот домашен меч на клубот и да им се даде ВИП третман. Тие побарале и расистот да биде суспендиран и да не може да го следи клубот ниту дома ниту на гости.
Во меѓувреме Dailly record пишува и за изгубен навивач на Ренџерс во главниот град на Македонија. Извесен Џејмс МекЛахан од местото Бишопбригс требал да се врати назад со останатите навивачи, но го пропуштил летот.
Порталот пишува и дека на Џејмс му се губи контакт затоа што батеријата на телефонот му била празна.
Брат му на Џејмс, Конор ги презел сите мерки за брат му да биде пронајден и да се врати дома. Тој на Фејсбук напишал:
„ПОМОШ. Брат ми, лево на фотографијата последен пат го видовме синоќа после мечот на плоштадот Македонија, од тогаш изгубивме контакт. Утрово моравме да одлетаме дома а уште немаше контакт од него ниту на социјалните мрежи и изгледа дека батеријата на мобилниот му е празна. Последен пат носеше сина маичка од Ренџерс, ако некој го види или го слушне, нека ме извести. Наздравје.“
Постот на Фејсбук бил споделен повеќе од 300 пати за еден час, а на Твитер има преку 450 ретвита.