Изминатиов викенд некој на стадионот во Железарница на мечот Скопје - Вардар се дрзна да не ги пушти на врата Комитите од само нивни познати причини. Не дека вакви слики гледаме прв пат, ама резил и срамота е во 21 век да се дозволи било која навивачка група да гледа прволигашки фудбал на брдо. Секоја чест за тоа што воопшто останале.
Работнички преклани го урна Трабзонспор и стигна до плејоф за ЛЕ. Сезонава тој успех го повтори Шкендија која го донесе Милан во Скопје, а Вардар направи сензација и влезе во групи. Па уште ли треба да има вакви резили во период кога клупскиот фудбал нѝ отиде понапред? Одговорност?