За најскапа влезница во историјата на фудбалскиот клуб Вардар се смета онаа за мечот против Порто во далечната 1987. година. Цената на картата изнесувала од 3.500 динари (1.800 денешни денари), 5.000 динари (денешни околу 2.500) па сè до тогашни 8.000 динари (денес 4.000 денари) што предизвикало еднакво бурни реакции како денес, но и покрај тоа „Градски“ бил полн затоа што во тоа време, се сеќаваат старите Комити, „ќе немаш за леб, ама за карта мора да се има“.
И тоа пази менталитет - стоење, права приказна, а не како денес седнат со долгнавеста капа Лига на шампиони, селфи стап и пуканки во рака.
Вардар - Данди Јунајтед, далечната 1985-та, влезницата чинела 800 динари
Во 1994-та, првиот Евро меч по осамостојувањето на Македонија, Вардар го одигра против унгарска Бекешчаба
Вардар - Бордо во 1995-та - цена на влезница 350 денари
Словачки Спартак Трнава гостуваше во Скопје во 1998-ма и тогаш влезницата изнесуваше 150 денари
Во 2001-ва Црвено-црните играа против Стандард Лиеж во Купот на УЕФА а за Север картата чинеше 150 денари
Најверните го паметат и дуелот кој многумина го имаат заборавено. Против Дуделанж по цена од 150 денари
Полскиот гигант Легија дојде во Скопје пред 15 години и тогаш картите чинеа 150 денари.
Вардар против Бери Таун 2003-та за 150 денари
Еден од најголемите натпревари во историјата на Вардар - против ЦСКА Москва во квалификациите за ЛШ. 200 денари Југ.
Против Спарта „Градски“ беше преполн а цената на картата беше 200 денари
Белгиски Гент дојде во 2004-та а цената на картата на „Градски“ за тој меч беше 250 денари
Истата година во Интертото Купот Вардар играше против Етникос а мечот можевме да го гледаме по цена од 200 денари
Мечот на кој навивачите на Вардар и Шалке ја започнаа дружбата која трае ден-денес
Карта за дуелот со Елбасан пред 12 години чинеше 200 денари
Романски Рапид се гледаше за 200 денари
Со Анортозис пред 10 години во Купот на УЕФА
Големата Рома која му гостуваше на Вардар на дождливо време - карта за ЈУГ 500 денари
Вардар - Бате се гледаше за ’стотче’.
За дуелот со Апоел навивачите на Вардар плаќаа по 100 денари влезница
Вардар го гледавме со Динамо Загреб за 100 денари