Наместо да го искористи моментумот околу спортската еуфорија во земјава која започна со ракометарите од нивното спортско друштво и наместо да ги уважи и почитува своите најверни, управата на Вардар повлече неколку чудни потези.
Градоначалникот на Скопје ги посети фан зоните каде ќе има музичка програма а на прашањето на новинарите за кого ќе навива утре, имаше занимлив одговор.
Едни од најсреќните луѓе од земјава поради Супер Купот се навивачите на Реал Мадрид. Го гледаа и бодреа во Париз, Минхен, Дортмунд, Неапол, Барселона, Милано, Торино и каде уште не, но сега имаат посебна задача: да се покажат како прави домаќини.
Во катастрофата загинуваат од 1000 до 1100 луѓе, а паралелно со нив најголема нечовечка жртва е старо Скопје. Инаку станува збор за приватно видео снимено вон сите тогашни телевизиски репортажи (аудиото е подоцна додадено).
Голем дел од јужна Европа во последните неколку недели се соочува со екстремни температури а во тоа се увери и делегацијата на фудбалскиот клуб Копенхаген веднаш по слетувањето во Скопје.
Откако стадионот „Младост“ во Струмица ни крив ни должен се изнагледа европски фудбал летово, УЕФА реши од неколку причини да ја прифати молбата на Вардар да игра на Националната Арена.
До мечот од Супер Купот останаа помалку од два месеци. Денес во Скопје на прес-конференција по тој повод се појавија претставниците на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, Емилио Бутрагењо и Луис Саха.
@NeinQuarterly беше во Скопје во јуни, сега веќе минатата година. По принципот „ај денес - ај утре“ видеото од тој настан до скоро стоеше на некој хард диск. Еве го конечно тука, но не само заради некакво архивирање, туку и заради шармантната комбинација на нихилизам и оптимизам која ја содржи, а која сигурно ќе ни треба и во Новата. Да, таква комбинација е можна. А можеби и нужна.
Во шумата разни боречки вештини, аикидото се издвојува по многу нешта кои го прават посебно и единствено. Во земјава постојат неколку клубови каде се практикуваат техниките и се остваруваат желбите еден ден да се стане аикидо сенсеи, каков што е и нашиот соговорник.
На „вечното“ македонско дерби меѓу Пелистер и Вардар во Битола попладнево славеа Скопјани со 0-1 и ја прекинаа победничката серија на Битолчани. Дербито помина со икс прекини затоа што домашните навивачи го искористија снегот на трибините за да прават топки и да ги гаѓаат судиите и противничките фудбалери. Во еден момент го погодиле линискиот судија Дејан Костадинов кој се пожалил на повреда.
Се сеќавате на „пропаднатиот интелектуалец" - универзитетскиот професор, кој стана славен откако почна да твита за своите академски фрустрации? Епа, нa 4 jуни доаѓа во Скопје, за интелектуално да нè воздигне.
Бројките се од Светската здравствена организација а според нив Тетово е најзагадениот град на континентот. Доколку се исклучи Турција, на второ место во Европа е Тузла, трета е Пљевља, а на четврто и петто место се Скопје и Битола.
Со голот на Градски во Скопје на 6. септември 2003. година, Вејн Руни стана најмладиот стрелец во историјата на англиската репрезентација. Имаше само 17 години и 317 денови кога го прослави голот против нашата репрезентација.
Освојувачот на Лигата на шампионите и победникот во Лигата на Европа за 2017. година ќе се сретнат во Скопје, изјави синоќа рускиот министер за спорт Виталиј Мутко.
За првата радио станица на неговото детство - радио Скопје - гласовите на Никола Бадев и Нина Спирова, за македонското Л, и за судбината на еден славен скопски жител, раскажана низ личен ракурс. Синан Гуџевиќ, исто како и Зорба, слободен човек.
Телефоните, факсовите и социјалните мрежи грмеа во текот на вчерашниот ден кој во најголем дел од лигите беше последен за купување и продажба на играчи. Англичаните стандардно најголеми трошајлии, но и најактивни на Твитер.
Документарец за земјотресот во Скопје, скоцкан од материјали од Застава филм, Филмски новости и тоа што можело да се спаси и што остано од архивата на Вардар филм по поплавата и земјотресот. Целата приказна почнува уште во добрите денови на Скопје.