Графиконот кој го гледате е последниот приказ за квалитетот на воздухот кој го имаме на метео делот на сајтот а автоматски го преземаме од мерните инструменти на Министерство за животна средина и просторно планирање.
Скриншотот е земен сабајлево (26.05.2014) а се однесува на вечерните часови на претходниот ден. Токму кога во Скопје се случуваше ретко видена масовна провала на облаци со паднати 40-тина литри вода на квадратен метар, инструментите регистрирале тотално неочекувана појава - драстично зголемување на загаденоста на воздухот.
Од 50-тина на микрограми на метар кубен во 22 часот, што е на границата на дозволените количини, веќе во 23 часот (жолтата линија) биле речиси 300!?
Не консултиравме никакви експерти зашто ни е сосема логично ситуацијата да е обратна, односно дождот да го прочисти воздухот.
За да ни останат и други прашалници над глава, по вака регистрираната состојба на воздухот во 23 часот, делот на сајтот на Министерството кој ги прикажува состојбите паѓа и е надвор од употреба речиси 12 часа.
Џаст аскинг, не ставајте одма гас маски на глава.