Така зборуваше Јаросински

@NeinQuarterly беше во Скопје во јуни, сега веќе минатата година. По принципот „ај денес - ај утре“ видеото од тој настан до скоро стоеше на некој хард диск. Еве го конечно тука, но не само заради некакво архивирање, туку и заради шармантната комбинација на нихилизам и оптимизам која ја содржи, а која сигурно ќе ни треба и во Новата. Да, таква комбинација е можна. А можеби и нужна.

Ерик Јаросински, некогашниот универзитетски професор кој стана славен твитерџија, дојде во Скопје во склоп на неговата балканска турнеја, и одржа нешто што повеќе личеше на настап на стенд-ап комичар отколку на предавање на академски поткован филозоф. Ама па кој рече дека едното мора да го исклучува другото?

Видеото (главно на англиски) трае саат и пол. Ќе се потсетите на нештата што се случуваа тогаш, но и на работите што следеа, а кои Најн визионерски ги начна (хинт: Трамп). Тоа што клипот се аплоудираше точно на преминот од старата во новата можеби има некоја симболика - дека добриот нихилистички (или можеби повеќе стоички?) дух, кој ни помогна да ја преживееме претходната година, ќе нè придружува и следната. Или можеби не.

Ц’.

Н’цки.

Претходно:
Врската помеѓу Твитер и германската филозофија
Интервју со Јаросински: „Изгубени сме ако го изгубиме хуморот“

1 јануари 2017 - 13:44