СЗО го следи загадувањето од 2009 до 2014. Тетово во 2013. достигнува 140 микрограми ПМ10 честички и 81 микрограми од најштетните ПМ2.5 честички.
Тузла достигнува 106 ПМ10 и 65 ПМ2.5 честички, а Пљевља (енергетски центар на Црна Гора) е 77 со 42.
Скопје својата позиција ја држи со 74 ПМ10 и 45 ПМ2.5 измерени во 2013, додека Битола истата година достигнува 69 ПМ10 и 40 ПМ2.5.
Најгорната препорачана вредност од СЗО на ПМ10 честичките е 20 микрограми на метар кубен, а за ПМ2.5 е 10 микрограми на метар кубен.
За споредба, бројките од извештајот на СЗО покажуваат дека:
- Лондон е 22 со 15
- Ливерпул е 14 со 12
- Тирана е 32 со 16
- Софија 43 со 22
- најзагаден град во Германија е Регенсбург со 28 со 19
Најзагаден град во светот е нигериското пристаниште и транспортен центар Онтиша, каде се достигнати 594 мг ПМ10 честички и 66 мг ПМ2.5
Новиот извештај на СЗО со мерења за 3.000 градови низ светот го имате тука во ексел.