Годината е 1928. Во белградска Политика излегува текст за „една наша црна гостинка“, родум од село близу Битола, чедо на Првата светска војна, чиј татко, Сенегалец, војувал на Солунскиот фронт. Новинарски текст како расказ, приказна како за филм.
Кога веќе носталгично се враќаме на тема скопско Кале и атмосферата што ја правеа навивачите на Вардар, чесно е да се напомене и можеби најдобриот амбиент во сала кога станува збор за ракометни натпревари.
Збирка фотографии од Централниот архив за историја на еврејскиот народ ги документира животите на илјадници жители на Монастир (Битола), испратени во Треблинка во 1943.
Верувале вие или не, Тони Мицевски на 48 години игра активно за тимот на Поешево во регионалната лига на Битола. Во триумфот над Црнобуки ГЛ од 5-0, некогашниот македонски репрезентативец во негов стил распали. Неговиот Поешево е прв на табелата.
Откако заврши четврт во 2000-та година, Пелистер стигна дури до третото квалификациско коло во Интертото Купот каде им се падна Селта Виго, годинешниот полуфиналист во Лига Европа.
Во шумата разни боречки вештини, аикидото се издвојува по многу нешта кои го прават посебно и единствено. Во земјава постојат неколку клубови каде се практикуваат техниките и се остваруваат желбите еден ден да се стане аикидо сенсеи, каков што е и нашиот соговорник.
Голманот на Слиго Роверс, Михаел Шлигерман доаѓа од Каунти Мајо а дедо му е Германец. Зборот German е дел од неговото презиме. Има ли уште такви примери каде презимињата на играчите содржат збор кој директно ги поврзува со нивната националност или националноста на нивните родители?
По одиграниот дуел меѓу Брегалница и Пелистер во Кочани кој заврши 0-0, навивачите на Пелистер биле брутално претепани од полицијата која соопшти дека најпрво физички бил нападнат нивен колега. Нереди имало пред, за време и по одиграниот меч.
Откако една година играат во втората лига, фудбалерите на Пелистер сега имаат голема шанса преку бараж-двомечот со Хоризонт Турново да се вратат во најдобрата македонска лига.
Бројките се од Светската здравствена организација а според нив Тетово е најзагадениот град на континентот. Доколку се исклучи Турција, на второ место во Европа е Тузла, трета е Пљевља, а на четврто и петто место се Скопје и Битола.
Иако сме само двестекилометарски транзит за сите оние несреќници кои бегајќи од војната мораат да поминат и низ нашата напатена Македонија, тоа не им пречи на Битолчани да си го кажат својот став по прашањето за кое се далеку од повикани да даваат мислење.
Свежио е уште еден од битолските ликови. Има подвижен мини-маркет (турка количка со производи по Широк Сокак и продава) и како ретко кој знае што треба да прави за да продава. Би збореле ние и друго за Свежио, ама Свежио знае подобро да ви каже сè што треба. Точка ком точка мк.
Пакосната скопска парола "Секс со Битолчанки" никогаш не звучела толку искрено како по веста дека кон Битола се тргнати 1.500 Русинки кои ќе го зголемуваат наталитетот во регионот. Нашиот дописник од Русија разговараше со некои од девојките кои нема да ја видат Пелагонија во првата транша.