Ракометниот клуб Пелистер, денес Еурофарм Пелистер, во своите витрини има 6 шампионски титули и 5 Купа на Македонија. Клуб кој даде многу ракометни имиња во сала во која паѓаа европски дивови. Своите класи во Пелистер, во време кога немаше атрактивни странски засилувања и големи буџети, ги потврдија и Кире Лазаров, Петар Ангелов - Диви и Наумче Мојсоски, а „зелено-белите“ дадоа и уште даваат многу репрезентативци.
Со надеж дека актуелната глобална ситуација поскоро ќе помине и дека повторно ќе гледаме ракометни дербија и преполни сали во земјава, да се присетиме како тоа некогаш изгледаше во градот на конзулите: