Кој најмногу испазари во јануари?

Фудбалските тезги во јануари затворија со неколку скапоцени трансфери, меѓу кои доминираа премиерлигашите со три од петте највредни аквизиции. Празнично се потрошија уште и Наполи, Монако, Реал Мадрид и Волсфбург.

1. Вилфред Бони од Свонси во Ман. Сити за 28 милиони фунти
Граѓаните го засилија нападот со најдобриот стрелец во Премиер лигата од 2014. година, Вилфред Бони. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска на Етихад ќе биде промовиран официјално по завршувањето на Африканскиот Куп на нации.
 
2. Хуан Куадрадо од Фиорентина во Челси за 26,1 милиони фунти
Лидерот во Премиер лигата го комплетираше најголемиот трансфер во екипата овој месец, откако го ангажираше Колумбиецот од Фиорентина. За Куадрадо пофални зборови имаше Тијери Анри: Тој може да помине секого и во секое време. Игра одлично како лево и десно крило. Мислам дека ќе биде посебен играч во лигата". 

3. Андре Ширле од Челси во Волфсбург за 22 милиони фунти
За да собере доволно средства за исплата на Куадрадо, Челси прифати да го продаде Андре Ширле во Волсфбург за 22 милиони фунти. Златниот медал на СП во Бразил играше добро во Челси, но никогаш немаше гарантирано место во привте 11. Ако сините ја освојат титулата, голот на Ширле против Манчестер Сити на Етихад (1:1), можеби ќе биде круцијален момент во сезоната.

4. Енцо Перез од Бенфика во Валенсија за 20 милиони фунти
За Аргентинецот уште лани беше заинтересиран Манчестер Јунајтед, но Бенфика не сакаше да го продава до јануари годинава, кога доби астрономска понуда од Валенсија за Перез. Лилјаците понудија 20 милиони фунти за 28-годишниот играч за врска, кој веќе има четири настапи за Валенсија и една асистенција против Севиља (3:1).
 
5. Габриел Паулиста од Виљареал во Арсенал за 14 милиони фунти
„Тој е дефанзивец што сака постојано да се брани, а таквите се ретки", изјави Арсен Венгер на промоцијата на Габриел Паулиста, кој за 13,5 милиони фунти дојде од Шпанија. 24-годишниот стопер досега има само 45 настапи во Европа, но Венгер е убеден дека со него „топџиите" ќе добијат постабилна одбрана.

6. Бернардо Силва од Бенфика во Монако за 12 милиони фунти
По одличната сезона како позајмен играч во Монако претходната есен, францускиот клуб реши да му понуди 4-годишен договор, а 20-годишниот полушпиц веќе даде три голови во последните неколку кола. Бернардо Силва претходно играше во Бенфика, а сега со сонародникот Жоао Мутињо го чека дуел против Арсенал во ЛШ. 

7. Лукас Силва од Крузеиро во Реал Мадрид за 11,5 милиони фунти
Бразилецот не беше сигурен дека ќе остане во татковината, затоа што веќе на Крузеиро му донесе две титули во првенството. Притоа Реал Мадрид понуди пристојни 11,5 милиони фунти и 21-годишниот играч од средината на теренот пристигна на Бернабеу. 

8. Сејду Думбија од ЦСКА Москва во Рома за 11,85 милиони фунти
Откако го поврзуваа со половина Европа во последните неколку години, Думбија конечно ја напушти ЦСКА Москва и потпиша со конкурентот за титулата во Серија А, Рома. Думбија во моментов игра за Брегот на Слоновата коска на АКН, но Рома се наоѓа на негово скоро доаѓање од Африка. Думбија се прослави со двата голови против Манчестер Сити на Етихад, кога Русите славеа 2:1. Подоцна даде гол и за реми против Сити во Москва 2:2.

9. Рајан Бертран од Челси во Саутемптон за 10 милиони фунти 
Во последните моменти пред затворање на преодниот рок (Transfer Deadline Day), Саутемптон соопшти дека го купил договорот на Бертран од Челси. Левиот бек импресионираше во првиот дел од сезоната, па оттука не чуди одлуката на „светците" да потрошат дури 10 милиони фунти за него. За Бертран е необично тоа што за Челси дебитираше во финалето на ЛШ, против Баерн во Минхен, кога сините ја освоија титулата на пенали. 

10. Маноло Габјадини од Сампдорија во Наполи за 9,75 милиони фунти
Осумте голови на 14 натпревари пред Новата година беа доволни Рафа Бенитез да го ангажира Маноло Габјадини. 23-годишниот напаѓач беше минленик на навивачите на Сампдорија, веќе има два настапи за најдобрата италијанска репрезентација, а на сите натпревари за У-21 постигнувал гол.