Откако на неверојатен начин го растури Малме и му даде четири гола, Вардар го дозна противникот во 3. квалификациско коло од Лигата на шампионите - Копенхаген.
Првично, според ждрепката, македонскиот првак требаше реваншот да го игра на свој терен, но откако УЕФА дала зелено светло да се игра на „Градски“ и покрај тоа што го чуваа теренот во Скопје за Супер Купот, Вардар и Копенхаген првиот меч ќе го играат на стадионот во Градски Парк.
За таков развој на настаните се согласиле и луѓето од данскиот шампион кои немале ништо против реваншот да го играат на својот стадион.
Вардар во меѓувреме побарал и поблага казна од човекот задолжен за случајот ’Младост’ затоа што според нив тие не можеле да сторат ништо повеќе затоа што стадионот во Струмица не е нивен.
Црвено-црните сакаат да играат по секоја цена во „своја куќа“ па од таа причина на УЕФА и сугерирале да им дозволи па макар играле и пред половина од капацитетот на стадионот.
Националната Арена „Филип Втори“ е единствен стадион во земјава којшто ги исполнува условите за 3. квалификациско коло од Лига на шампиони според правилникот на УЕФА.
Ако се биде како што треба, Вардар на 25. јули, во вторник би бил домаќин а реваншот би се играл на 2. август во Копенхаген.