Чкембари со топки снег ги гаѓаа судиите

На „вечното“ македонско дерби меѓу Пелистер и Вардар во Битола попладнево славеа Скопјани со 0-1 и ја прекинаа победничката серија на Битолчани. Дербито помина со икс прекини затоа што домашните навивачи го искористија снегот на трибините за да прават топки и да ги гаѓаат судиите и противничките фудбалери. Во еден момент го погодиле линискиот судија Дејан Костадинов кој се пожалил на повреда.

видео: Екипа.мк

Комитите не отпатуваа на денешното дерби, затоа што управата на Пелистер пратила допис до ФК Вардар дека секторот (ако може да се каже дека е сектор) за гостинска публика ќе се руши поради изградба на нова трибина.

 

30 ноември 2016 - 16:00