Мастеркард сака да се ослободи од старомодните лозинки лансирајќи нови мобилни технологии кои на корисниците ќе им овозможат да ги автентицираат онлајн купувањата со отпечаток на прст или селфи.
Следните неколку месеци платформата ќе биде пробана во САД, Канада, Велика Британија и неколку европски земји. Планирано е во следните 5 години ова да стане регуларен начин на плаќање на сите меридијани ем паралели.
Нивниот главен за безбедност тврди дека фацијалните скенирања или отпечатокот од прст се многу посигурни од стандардните лозинки кои на многумина им се премногу лесни за откривање.
За да се користи селфи како потврда на купуванка ќе треба да се симне нивна апликација преку која луѓето ќе се фотнат секогаш кога ќе плаќаат а скенот ќе провери дали е тоа вистинскиот сопственик на картичката или некој кој пробува да личи на него.
Во меѓувреме Мастеркард експериментира и со дополнителни начини за верификација како што се скенирање на окото, препознавање на гласот или профилирање на нечиј кардиограм.