Таг: селфи

Дете влета во терен по автограм, Кристијано Роналдо се напна

Обично е фер и во секоја прилика прави селфи со оние кои улетуваат на сред натпревар да се сликаат со него. Ама синоќа Јувентус беше толку „бос“, без шут во рамки на противничкиот гол, така што фрустрацијата на Кристијано веројатно била причина за ваквиот револт со натрапникот.

Шампионе дојди едно селфи да направиме

Салцбург синоќа го загуби дуелот вреден осминафинале во ЛШ, ама за овој резервен играч на австрискиот тим не беше крај на светот. Не е секој ден Велигден европскиот првак да ти дојде на гости, па дојди Мане да се сликнеме за спомен.

Ко ќе го видиш Гигс во тоалет а он не може да додржи

Ја начекуваш најголемата легенда на Манчестер Јунајтед и актуелен селектор на Велс и не си свесен дека и он е жив човек со елементарни потреби.

Пак вие правете селфи, они контра да си отворат

Мароко, втора лига. Играат Јусуфија Берешид и Мулудија Уџа. Мохамед ал Факих дава преубав гол за домаќините и додека трча да слави решава да земе мобилен да направи стори и селфи како Балотели и Тоти. А за тоа време гостите тргнуваат од центар.

Балотели како Тоти - даде гол и правеше селфи на терен

Олимпик Марсеј ја заживеа кариерата на Марио Балотели, а Италијанецот го врати клубот на победнички патеки: 4 гола на 6 меча откако дојде од Ница. Синоќа постигна преубав гол против Сент Етјен а го прослави уште пофраерски.

Селфи на денот

Гасите нетот. Од штекер.

Селфи со Роналдо во многу погрешно време и погрешно место

По завршувањето на дербито со Јувентус (0:2), еден млад стопер на Милан кој беше на клупата за резерви, Раул Беланова отишол да прави селфи со Кристијано Роналдо во соблекувалната на Јуве. 18-годишниот Беланова жив радосен а тој што ги сликал не приметил дека во позадина Кјелини е пиштол гол.

Зад заедничките селфија на Инстаграм

1000-те зборови што не ги кажува заедничкото селфи ги имаш во видеово на парот со длабоко разбирање и инсајдерски информации за тоа што значи да си во врска.

Сите слават, он селфи прави

Едно од најскапите засилувања на Манчестер Сити минатото лето, Бенџамин Менди кој дојде од Монако, синоќа имаше момент за кој може да го казнат. Некое време е повреден, не игра, па после голот кој го даде Стерлинг во 95-та минута за победа реши да прави селфи со стрелецот.

Тргнал цреп да прави селфи со Арсен Венгер

Нема оправдание за ова. Ни трема, ни возбуда, ни брзање, ни гужва...

Јолокауст - селфиња среде холокауст

На прв поглед фотографиите се сосема обични. Имаат хаштази, емоџи (смајли, срце, ѕвездичка), ликовите на нив изгледаат како да се забавуваат. Но нешто почнува да не штима кога ќе сфатите дека тие се направени среде споменик на холокаустот.

Отворено писмо на Пирс Морган до Ким Кардашијан

Ким, ти и натаму имаш одлично тело, но ако си толку успешна, богата и сигурна, зошто и натаму имаш потреба да позираш гола на 35 години?

Плаќање со селфи

"Постојат работи кои не можат да се купат со пари. За сè друго, тука е селфи". Ова би можел да биде новиот слоган на Мастеркард кој воведува нови начини на плаќање и верификација на трансакциите.

Во одбрана на селфито

Самата појава воопшто не треба да се толкува како напад на нарцизам, туку како нов вид на револуција која е закана за елитите и нивната контрола на општеството, гласи продлабоченото оправдание на францускиот професор Андре Гунтер околу селфито.

Шкотска загуби два бода со Полска поради селфи на сред терен

Шкотска водеше 2-1 против Полска која израмни преку Левандовски во дополнителното продолжение, поради тоа што навивач влезе на терен да направи селфи со Роберт Левандовски кој им даде два гола.

Вошки фативте од тоа селфињата

Според една многу лабава теорија неочекуваниот скок на бројот на заразени постари деца во споредба со пред 5 години е последица на "вошки од социјални медиуми".

Дизниленд забранува стапови за селфи

Разбирлива е одлуката на надлежните во Дизниленд; тие дале милиони долари да го привлечат и задржат вниманието на своите чудесии а луѓето упорно се занимаваат со себе. Па како без селфи стик ќе останат спомени? Па нека памтат малку. 

Дозволено за селфи натпрапници на терен

Домингез, Дјамантикос и Бухалакис му го расипаа дебито на Пипо Инзаги на клупата на Милан кој загуби од Олимпијакос со 3:0. Покрај грчките фудбалери кои го изненадија поранешниот европски првак, привилегија имаа и двајца навивачи кои не ги чепна обезбедувањето додека прават селфи фотки со играчите на терен.

Колку повеќе си го фотографираш животот, толку помалку си го памтиш

Во ерата на Фејсбук и другите социјални мрежи кога луѓето фото документираат и најбанални моменти од своите животи, на актуелност добива една стара идеја на Ерих Фром за фотографијата како отуѓено сеќавање.

Како Самсунг фати селфи со Обама

За време на приемот на Бостон Ред Сокс во Белата куќа (по повод освојувањето на титулата во бејзбол), капитенот Дејвид Ортиз го фаќа Обама и прави селфи со него. Како и на Оскарите и ова селфи е направено со Самсунг Галакси Ноут 3. Само овој пат не е толку планирано.

Спортска селфи манија

По најпопуларната оскаровска селфи фотографија, трендот толку порасна што дури и Фатих Терим се шкрапна со телефонот. Во разновидната колекција на насмеани и задоволни победнички лица имаме и наши спортисти и спортистки.

Пијан Австралијанец е кум на „селфи“?

Следнава приказна покажува дека сè што можат да направат историските лексикографи е да го регистрираат најстариот доказ за употреба на некој збор, но не и со прст да покажат кој е неговиот автор. Таа исто така покажува дека не треба пијани да се симнувате по скали, барем не без трезна придружба. 

Од интимноста на автопортретот до бизарноста на „селфи"

Автопортретот, кој некогаш беше авторефлексивен израз на најинтимните чувства на големите уметници, сега се претвори во сосема нов ѕвер: селфи. И во уште еден медиум за уметничко истражување на неговите предизвици.