Пред Ред Сокс воопшто да припарат до Белата куќа, Самсунг со Ортиз потпишува "промотивен пакт" и му го дава Ноут 3 смартфонот да го земе со него на патувањето во Вашингтон. Од Самсунг инсистираат дека тие не биле сигурни какви фотографии ќе добијат од патувањето, и најмногу работеле со Ортиз и остатокот од тимот на тоа како да ги "сподели фотографиите што ќе ги направи со фановите."
И самиот Ортиз има иста приказна, објаснувајќи дека фотографијата со претседателот е шанса која се добива еднаш во живот, "не ни знаев дека ќе ме остави да се фотографирам со него."
What an honor! Thanks for the #selfie, @BarackObama pic.twitter.com/y5Ww74sEID
— David Ortiz (@davidortiz) April 1, 2014
Освен што на своите 5 милиони следбеници им го сподели твитот на Ортиз со Обама, Самсунг платил и за твитот да биде промовиран.
"Тешко е да се обвини Самсунг за тоа што се шверцувал на големиот ден на Бостон Ред Сокс во Вашингтон. Навремениот маркетинг се покажа како еден од клучните фактори во неверојатниот раст на Самсунг како производител на мобилни," пишува сајтот Verge.