"Мојот совет до оние кои мислат дека треба да се соблечат за да бидат ѕвезди", велеше Ме Вест "е дека кога еднаш ќе се соголиш, што друго останува да ја одржува илузијата? Оставете ги да се прашуваат. Никогаш не сум верувала во користа од давањето премногу од себе."
Помислив на ова кога Ким Кардашијан пред некој ден постираше уште едно голо селфи на интернет, покажувајќи го своето раскошно торзо само три месеци по раѓањето на нејзиното второ дете.
"When you're like I have nothing to wear LOL", напишала покрај фотографијата.
Се закикотив, како на повеќето нејзини бисери.
Таа е една умница, која - како и нејзиниот сопруг Кање Вест - точно знае како целиот свет да го запрепасти со само еден твит.
Се разбира, голотијата е клучен дел од нејзиниот бренд уште со првата обелоденета секс снимка. Оттогаш Ким безмилосно ја искористи секоја пукнатина на нејзиното тело на толку спектакуларен начин што тоа ја направи мулти-милионерка.
Сè до неодамна, немав проблем со ова. Таа работи напорно, има око за мода и убавина и се има докажано како вешт менаџер на сопствениот маркетинг.
Кога во 2014 првпат го сруши интернетот со својот гол задник за магазинот Пејпер, ја бранев од масовното навредување кое тогаш избувна.
Тогаш напишав "Ким не се дрогира, не пие, не паѓа кога излегува од клубови, не го мами својот човек, не прави ништо за што некои други ѕвезди покажале далеку поголем 'талент'. Таа е добра со своите фанови е патем е добра ќерка, сестра, сопруга и од неодамна мајка."
Заклучокот гласеше: "Ким Кардашијан- Вест може на сево ова да се смее додека оди во банка. А сите вие мрзливи, невоспитани, морализаторски и лицемерни критичари можете да ја пољубите во газ - има таму бааги место за тоа."
Но, тоа беше тогаш.
Откако ја твитна последната гола слика, ѝ реплицирав: "Знам дека стариот е 50 милиони во була (асоцирајќи на поплаките на Кање дека е во финансики тешкотии), но ова е апсурно. Сакаш да ти купам некоја облека?"
Таа се запрепасти.
'Хеј @PiersMorgan', ми врати 'никогаш немој да се нудиш да купуваш облека на мажена жена'.
Го прифатив тоа ведро.
Само неколку минути подоцна ѝ се пушти на оскаровката Бет Мидлер која исто ја задеваше за фотографијата: "Ким Кардашијан твитна гола слика од себе. Ако Ким сака да види дел од мене кој никогаш не видела, ќе мора да голтне фотоапарат."
Хеј @BetteMidler,' ѝ врати Ким 'знам дека ти е време да спиеш ама ако си будна и го читаш ова, прати некои голи слики.'
А потоа беше уште побрутална па ѝ напиша: "Не сакав да го вадам ова, како ми имаш пратено подарок сакајќи да ми станеш пријателка..."
А на 19 годишната актерка Кло Грејс Морец ѝ пиша: "Ајде да ѝ посакаме добредојде на @ChloeGMoretz бидејќи и онака никој не знае која е таа".
Сето ова е многу чудно за Ким која обично е многу љубезна и културна на социјалните мрежи, за разлика од Кање Вест чии твитер испади стануваат сè полуди.
Всушност, тонот и зборовите на нејзините последни твитови ме доведоа до сомнеж дека господинот Вест ѝ го има земено телефонот, чувство кое дополнително се засили откако го прочитавме необичниот твит од нејзино име кој гласеше: "Извинете што доцнам на журката дечки, морав да ја кеширам мојата 80 милиони доалри вредна видео игра и да уфрлам 53 милиони на заедничката сметка".
Чист Кање!
Но, додека не добиеме потврда за тоа, ќе мора да претпоставиме дека тоа сепак била Ким која се претворила во женска верзија на нејзиниот сопруг.
Во финалниот акт на своето бунтовништво и непокор, таа пушти уште една гола фотографија со хаштаг #ослободена.
Хмммм.
Не сум сигурен колку од сето ова има врска со какво било ослободување.