
Во парковите на Дизнилед се забранува внесување на стапови за правење селфи фотографии.
Од 30-ти јуни тие нема да можат да се користат во американските а од први јули и во Дизни парковите во Париз и Токио.
"Ние тежиме да обезбедиме незаборавно искуство за целото семејство а селфи стиковите за жал станаа сериозен безбедносен проблем и за нашите гости и за нашите вработени," соопшти портпаролот на Дизни.
Во меѓувреме, се повеќе расте листата на музеи, музички фестивали и спортски арени во кои исто така е забрането влегување со стапови за селфи.