"Тинејџерите обично не добиваат вошки затоа што не споделуваат капи или такви работи. А вошките не можат да скокнат, па единствен начин да се пренесат е ако главите често ви се допираат, и токму ова се случува кај сите овие фотографии," објаснува доктората Шерон Ринк од Винсконсин.
По нејзе пресудна е фреквентноста на овие групни селфиња, заради што имаат многу повеќе контакт со туѓи глави.
Со ова не се согласува Кејти Шепард, ЦЕО-то на Шепард институтот за решенија за вошки, непрофитна организација која знае што зборува на темава. Според Шепард селфињата немаат никаква врска со ова, туку се' е на грбот на застојот во превенцијата од вошки во училиштата, и неуспехот на производите за третман на вошки.
"Се повеќе и повеќе училишта се сè помалку проактивни. И се повеќе производи за чистење вошки едноставно не функционираат," објаснува Шепард.
Околу теоријата за селфињата, таа појаснува дека тинејџерите не ги држат главите доближени толку долго, за тие да можат да прејдат од еден на друг. Вошките се движат 23 сантиметри во минута, а ниту скокаат, ниту летаат.
Нејзина препорака е децата да ја држат косата фатена во пунџа ако веќе минуваат многу време едни до други, а ако ги фаќа некаква параноја околу вошки да испрскаат со производи на база на нане, кои имаат 90% успешност во одбивање вошки.