Како пример за неразбраната бунтовна страна и почетоци на селфито, Гунтер потсетува на една сцена од Телма и Луиз, во која двата женски лика сами си прават фотографија пред тргање: "ним никој не им треба за да ги фотографира - посебно не маж. Селфито им дозволува да ја изразат својата слобода, својата независност."
Оваа форма на бунт е прилично маргинална се до појавата на смартфоните, кои ја овозможуваат целата селфи револуција.
Неговото објаснување е дека селфито компензира за "исчезнувањето на контекстот во дигиталните медиуми," односно дека преку најразличните начини на комуникација кои ги имаме на располагање се губи важноста на проценувањето на изразот на лицето или емоцијата во бојата на гласот.
Безбројните туристички селфија пред најразлични споменици или локации, Гунтер ги објаснува како обид на туристите да го сподела своето искуство од некој споменик или локација.
"Кога ги гледаме како сите го повторуваат истото движење, тоа е негативно перципирано. Ама кога професорот по литература ќе побара од целиот свој клас да го прочита Жерминал од Емил Зола, никој не е изненаден! Жерминал е културен споменик кој треба да биде споделен.
Исто е и кога ќе ја видиш Ајфеловата кула. Тоа е лично искусување на културна референца. Правењето селфи пред историска зграда е навистина добар начин да покажеш почит.
Истото важи и за оние кои се фотографираат пред Мона Лиза. Сликата (Мона Лиза) има вредност за нив. Тие ќе ја го зачуваат селфито, ќе им ги покажуваат на пријатели и ќе и им велат 'Гледај, ја видов Мона Лиза,'" појаснува Гунтер.
Тој ја проширува улогата на селфито и истото го објаснува и како "носител на разговорот," односно дека разговорот на социјалните мрежи "не е разговор околу слики, туку разговор со слики. Сликата не постои без примателот. Ние не правиме селфија за себе, туку за други."
Тој го надополнува тврдењето дека селфито не постои без примателот, за да објасни дека тоа не е ни најмалку импулс на нарцизам, туку тоа се прави за да се сподели и да се комуницира со останатите. Односно дека, ако навистина ни е до нарцизам и сакаме да се видиме сами за себе, имаме огледало за тоа.
Ставот дека селфито е бунтот на оваа генерација против елитите го објаснува со тоа дека луѓето кои најмногу се вознемирени од овој жанр се оние што се "добро ситуирани" и живеат во "заштитен свет."
Пример за ова е Принцот Хари кој на едно патување во Австралија одбива да направи селфи со една млада девојка.
"Комплетно го разбирам Принцот Хари. Тој си мисли 'не сакам да го делам вниманието што го добивам. Јас сум принц, и јас имам право да бидам на пиедестал. Ти имаш право да ме гледаш'" објаснува Гунтер.
Сличен однос кон селфито Гунтер гледа и кај уметничката елита. Филмски режисери кои им забрануваат на актерите да прават селфија со публиката во Кан, или Кетрин Денев која смета дека селфијата "ги тривијализираат сите работи".
"Во Кан пред спорот околу селфијата (2013-та), ги гледавме ѕвездите опколени со рој професионални фотографи. Една година подоцна, се' се промени: селфијата наметнуваат нова блискост со публиката.
Ова е таа блискост што Принцот Хари ја избегнува. Со селфито, ние, небитните, влеговме во сликата," порачува Гунтер.