Млад навивач на Шкотска влезе на сред терен да направи селфи со Левандовски, човекот кој со два гола ѝ донесе драгоцен бод на Полска во борбата за пласман на Евро2016.
Полска поведе преку Роберт Левандовски уште во 3. минута, но Шкотска направи пресврт со головите на Ричи во 45. и Флечер во 62 за делириум на трибините во Глазгов. Сепак, со вториот гол во 94-та минута, Левандовски ги постави конечните 2-2.
Вкупно шест замени беа направени во второто полувреме на дуелот Шкотска - Полска. Според правилата на ФИФА, судијата е должен да го продолжи натпреварот дополнителни 30 секунди за секоја замена посебно, што значи дека дуелот беше продолжен за 3 минути.
Со никакви долги прекини поради повреда, унгарскиот судија Виктор Кашаи даде плус една минута продолжение поради навивачот кој правеше селфи со Левандовски. За малерот на Шкотланѓаните да биде поголем, токму шпицот на Баерн Минхен погоди на истекот од 94-та минута и ги постави конечните 2-2.
„Каква е таа полиција која дозволува некој на сред терен да прави селфи со Левандовски. Замислете да имаше нож“? , запраша на Твитер извесен Габи Мекеј.
„Да не влезеше тоа гомно мало на теренот да прави селфи со Левандовски, ние ќе победевме“, пиша Скот Месер.
„Тој кретенот што влезе на терен нè чинеше три бода“, исто на Твитер пиша Томи Хамилтон.
Токму групата Б е најнеизвесна од сите квалификациски. Германија, која загуби од Република Ирска 1-0 е прва со 19 бодови. Втора е Полска со 18 колку што има и Република Ирска на третата позиција. Во последното коло Полска ја пречекува Република Ирска во директен дуел за местото кое води на Европско. Германија дома игра против отпишаната Грузија.
Селфито на глупавиот навивач:
Головите од мечот Шкотска - Полска 2-2: