Целата кореографија на местење пред апаратот за да се сликаш самиот себеси со мобилен, која понекогаш се граничи со акробација во обидот да се постигне саканата поза, многу повеќе потсетува на митот за Нарцис и неговата опседнатост со сопствениот одраз во водата, а не на некаква уметност. Но сега, кога веќе сите со интернет пристап го прават тоа, вклучувајќи ве и вас, Maјли Сајрус и Папата, можеби е време да се постави и тоа прашање: дали овој жанр веќе го има обезбедено своето место во галериите и музеите, како рамноправен визуелен уметнички облик со автопортретите од минатото?
Од 17-20 октомври во Лондон на Саемот за современа видео уметност беше поставена инсталација наречена Национална селфи портрет галерија. Кураторите Кајл Чајка и Марина Галперина повикале 19 млади уметници од Европа и САД да создадат кратки видео форми кои ќе се занимаваат со феноменот на селфи, и кои ќе се надоврзуваат на неговите историски корени во уметноста - од Рембрант до Ван Гог.
„Автопортетот денес е најдемократскиот медиум кој стои на располагање", изјавил Чајка. „Ако се сликаш во Старбакс, ти можеби не создаваш уметничко дело, но учествуваш во визуелен естетски и културен феномен. Сакавме да ја пренесеме оваа масовна, популистичка појава во уметнички контекст, да видиме како ќе функционира селфито како уметничка форма, бидејќи тоа и е уметност".
Првата соработка помеѓу Чајка и Галперина „Најкраткото видео кое некогаш се продало", дело кое се прикажа на Саемот на подвижна уметничка слика во Њујорк оваа година, се состоеше од 22 Вајн видеа, спакувани во само 6,5 секунди, а создадени од различни уметници, кое на некој начин беше промоција на видео опцијата на Твитер.
Видеата од изложбата се продаваат за 500 долари, а посетителите се поканети да ги споделуваат своите „селфи" на Инстаграм и Вајн користејќи го хаштагот #NationalSelfPortraitGallery.
За интервју со авторите на изложбата тука