Таг: инсталација

Уметник го слави учеството на Шкотска на ЕП со шарени фудбалски топки

Додека се фарбаат личат на бомбици прелиени со шарен сос. Инсталацијата на фудбалски топки на еден шкотски уметник е посветена на пласманот на неговиот национален тим на ЕП, прв пат по цели 20 години.

Глобалното раздавање колачи со оптимистични пораки

Од плажите на Рио до штала во Флорида, од шума во Финска до аеродром во Шангај, се одвива проект кој вклучува онакви кинески колачиња со ливче на кое се претскажува судбината.

Што е тоа „вистина“?

Kако се дефинира вистината? Уметници од Cause Collective решиле да тргнат по светот и да прашат колку што е можно повеќе луѓе.

Гринавеј планира да изгради тркачка патека во чест на Керуак

Има формално уметничко образование, а за своите авангардни филмови црпел инспирација од старите сликарски мајстори. Сега режисерот Питер Гринавеј работи на неговото веројатно најамбициозно дело до сега - вистинска тркачка стаза, во форма на уметничка инсталација под отворено небо.

Берлинскиот ѕид воскресе

Рускиот режисер Иља Кржановски, Брајан Ино, Марина Абрамовиќ и Масив Атак ќе постават огромна уметничка инсталација - реплика на Берлинскиот ѕид, симулирајќи како изгледало да живееш обиколен од него.

Потерница по жена која украла камен од инсталација на Јоко Оно

Една од оние „лајтерици“ вести, ама кои имаат и мета димензија. Затоа што на украдениот камен, вреден 17.500 долари, пишувало - „Сакај се себеси“.

Соработка на Брајан Ино со Мајкрософт: звучно-визуелна градина

Интерактивна инсталација која е спој на технологијата, сетилното искуство и музиката, а низ која цветаат илјада звучни цветови.

Уметници садат овошни дрвја за поубави (и поздрави) градови

„Паднати овошки“ (Fallen Fruit) е уметнички колектив чии членови садат овошки во јавни простори за секој да може да си набере од нив. Освен што се овошни „оази“ среде урбаните средини, тие се и убави уметнички инсталации.

Билборди заменети со фотографии на пејсажите зад нив

Запролети, и само што седнавме во двор на омиленото место под јоргованот, пред нас почна нешто да трепка - билборд со подвижна реклама за некакви светилки. Не дека не можеме да го помрднеме столчето, ама како побогу некој да се заштити од тоа да му се загадува погледот? Една изложба на отворено нуди решение, иако не трајно. Ние ќе мораме подесно-полево.

Споменик на неизбраните

Поддршката за одреден кандидат пред избори Американците имаат обичај да ја изразуваат и со тоа што пред куќи поставуваат билборди со неговото име. Но што ако тој (или таа) загуби?

Партенон изграден од забранети книги

Повеќе од 100,000 книги ќе станат споменик на интелектуалната слобода во Германија, во инсталација која ќе се постави следната година.

Проѕевање во градот кој никогаш не спие

Себастијан Еразуриз е чилеански уметник кој живее во Њујорк. Тој цел јануари ги предизвикува неговите сограѓани да се проѕеваат, и тоа во „градот кој никогаш не спие". Бонус: видео за тоа како заработил пари од продавање (буквално) ништо.

Оклоп како заштита од надзорни камери

Иако веста изгледа како да припаѓа во рубрика за наука и технологија, изумов е всушност на еден - уметник. Замислуваме како Фуко притиска „лајк“ на статијава.

Осаменоста на нашите дигитални гласови

Рејчел Нол (Rachel Knoll) е родена во САД, а во моментов живее Лондон каде студира на Кралскиот колеџ за уметност. Нејзините интерактивни инсталации и видеа се занимаваат со осаменоста во дигиталното доба. Знаете на што мислиме, нели?

Дополнете: „Пред да умрам __________“

Идејата е едноставна: еден ѕид, и една недовршена реченица. Која иако не е прашална, поттикнува одговори на најбазичните човечки прашања. Што би сакале вие да направите пред да умрете? 

Од интимноста на автопортретот до бизарноста на „селфи"

Автопортретот, кој некогаш беше авторефлексивен израз на најинтимните чувства на големите уметници, сега се претвори во сосема нов ѕвер: селфи. И во уште еден медиум за уметничко истражување на неговите предизвици.

Библиотечна уметност

Нова инсталација во една локална библиотека во Вајоминг ја визуелизира колективната љубопитност и прашањата на посетителите кои ги пребаруваат нејзините каталози преку динамична и интерактивна скулптура. Или во превод...

Поетски СОС телефон

„Секој здрав човек би можел да издржи без храна два дена - но не и без поезија", пишува Бодлер. Сега, благодарение на Музејот на современа уметност во Њујорк, до животно важните стихови можете да дојдете само со едно вртење телефон.