Џејмс Бридл, уметник од Лондон, креирал „оклоп против надзирање" - се работи за нешто што изгледа како дел од средовековна витешка опрема, само што не е наменето за заштита од физички удари, туку од камерите за надзор кои го следат секое наше движење, без да сме свесни колку се веќе замешани во нашите животи. Оклопот содржи детектори за инфрацрвените зраци кои се најчесто користени од страна на камерите, кога ќе ги регистрира праќа електричен сигнал на двата нервни стимулатори вградени во оклопот, а тоа кај оној кој го носи создава чувство на благ електричен удар.
Во текстот кое оди со видеото во кое се објаснува начинот на функционирање (и кое е без тон бидејќи е дел од поширока изложба на авторот) се вели дека оклопот го „физикализира полицаецот во нашите умови, обезбедувајќи тактилен фидбек, сличен на тапкање по рамото, секој пат кога ќе потпаднете под погледот на моќта, претворајќи ја нежната прегратка на надзирачката држава во остра опомена, дека живееме во свет на преклопувачки, нерамномерни и често конфликтни текови на информации".
Ова не е прв уметнички проект кој се занимава со новата технологија на надзирање - во октомври оваа година еден холандски уметник изјави дека создал навидум обична маица која ги збунува алгоритмите за препознавање на ликови. Пред него американскиот дизајнер Адам Харви ги истражи шминките и фризурите кои можат да го збунат софтверот за препознавање кои се користи во дроновите. Сепак, пред сите нив беше Гибсон, кој во неговиот роман Zero History - маица којашто е толку грда што од неа тргаат поглед дури и камерите за набљудување. Имаме чувство дека сме виделе некои такви.