Таг: надзор

Кога ФБИ следело кои книги се позајмуваат од американските библиотеки

Денес во САД се забележуваат рекордни бројки на тн. „забранети“ книги, а некои барања од тн. родителски групи и локални заедници одат до таму што се бара дури и апсење на библиотекари. Пред педесет години имало поинаква кампања која се обидувала да го регулира пристапот на граѓаните до книги, а се состоело од (благо речено) следење на читателските навики.

Здравје или слобода?: светот за време и по коронавирусот

Бурата ќе помине, но нашите животи можат долгорочно да се променат. Ако самите не покажеме одговорност, тоа ќе биде оправдување за наметнување засилен надзор и губење на приватноста, кои нема да бидат само привремени.

Што ќе ти е демократија, кога имаш податоци

Дата, вештачка интелигенција и интернет надзор се трите столба кои ќе ја остварат дамнешната желба на секој империјален и современ кинески владетел - како да знаеш сè за јавноста без притоа истата таа се напне дека ја следиш и прислушуваш.

Радикален предлог за заштита на твоите лични податоци

Следењето што денес ни се случува е полошо отколку во Советскиот сојуз. Ни требаат закони кои ќе го спречат собирањето на овие податоци, пишува претседателот на фондацијата Слободен софтвер, Ричард Сталман.

Добродојдовте во шпионски филм

Најзастрашувачкото парче софтвер што сме го виделе во последно време: комплет програми за препознавање ликови, возила и регистарски таблички, од снимки од улични камери. На презентацијава работи непогрешиво како во холивудски блокбастер. Производот е на кинеската компанија Сенстајм и е составен од Сенсвидео, за следење и класификација на објекти и Сенсфејс, за скенирање и споредување на лица со слики од база на податоци.

Колку мобилниот те цинкари кај твојот телеком

Политичарот од Зелената партија Малте Шпиц успева (преку суд) да ги извлече сите податоци што Дојче телеком ги има собрано за него. Истите им ги предава на Цајт-онлајн, кои врз основа на нив прават комплетен отпечаток од животот и движењето на политичарот во период од 6 месеци.

Оклоп како заштита од надзорни камери

Иако веста изгледа како да припаѓа во рубрика за наука и технологија, изумов е всушност на еден - уметник. Замислуваме како Фуко притиска „лајк“ на статијава.

Писатели од целиот свет за дигитална демократија

Повеќе од 500 писатели и уметници, вклучувајќи пет добитници на Нобел за книжевност, го осудија обемот на надзор на дигиталните комуникации од страна на државите.