
Податоците што ДТ ги собира за Шпиц (а и за секој друг претплатник) не вклучуваат никакви аудио снимки, телефонски броеви или сродни содржини. Тие се сведени на најосновни "сметководствени" податоци како број на повици (до него и од него), времетраење на повиците (на дневно ниво), број на пораки, и колку време бил закачен на интернет. Дополнителна димензија на податоците од ДТ е и локација на претплатникот, која ја одредуваат врз основа на антените на кои мобилниот се закачува за сигнал.
Цајт-онлајн овие податоци ги комбинира со јавно достапни податоци околу политичарот, како инфо од неговата Твитер сметка, објавување на блог или други веб-страни.
Добиениот резултат од составувањето на сите овие податоци е веројатно најлесниот систем за следење луѓе за кои не е потребна никаква дополнителна опрема или оперативци.
Цајт-онлајн бројките ги претвора во морничава презентација околу текот на животот на Шпиц во овие шест месеци. Како изгледа тоа, имате тука.