Во музејот е поставена инсталацијата „Сврти за песна" на Џон Џорно, прв пат прикажана во 1969., која овозможува со вртење на локалниот њујоршки број 347-POET001, за вообичаената тарифа на телефонски разговор, да слушнете песна од, на пример, Ален Гинзберг. Ако пак ја посетите изложбата можете само да кренете еден од црните телефони инсталирани за таа цел и да видите која песна ќе ви се „падне“.
Е сега доаѓа најинтересното - достапната поезија всушност е главно од музичари, кои се истовремено и врвни стихотворци. Лори Андерсон, Френк Запа, Том Вејтс, Деби Хари, Соник Јут, Пети Смит. Ако ви е скапо да вртите (а ви е), слушнете ги на сајтот. Кај нас пробајте и на ’информации’, може знаат некоја од Рацин.