Телефонот - знаете оној апарат на којшто го ставате увото за да зборувате со некого - станува излишен во ера на други формaти на комуникација. Терминот изгледа треба да се ревидира, бидејќи тој веќе не го подразбира истото што и во времето кога тоа беше единствениот начин да чуеш нечиј глас, и тоа само откако ќе ја изговориш магичната формула: „Ало, Миле, ми текна".