Петицијата ја започнува Тара Батон, основачката на BuyMeOnce.com, сајтот кој индексира производи со доживотна, или прилично долга гаранција.
"Производителите некогаш се гордееа со тоа што можеа да создадат производи кои траат. Се работи за недостаток на волја, а не недостаток на знаење и технологија, што доведе до подем на апарати што се фрлаат. Ова е еколошки кратковидо, и е мамење на потрошувачите кои изгледа како да прифаќаат дека нивните уреди ќе се расипат веднаш штом заврши едно или две годишната гаранција," објаснува Батон за Гардијан.
Слично чувство околу краткотрајноста на производите има и првиот човек на Вајтгудс, Кенет Вот, кој од почетокот на 80те поправа бела техника. Според него не е само до производителите.
"Белата техника создадена во 50-те, 60-те и 70-те, трае и над 15 години, денешната има рок од 6 или 7. Потрошувачите бараат се поевтини и поевтини производи, заради што е паднат и квалитетот. Се до средината на 80-те машините за перење се сервисираа како автомобилите, на една или на две години.
Сега производители создаваат производи кои не е исплатливо да се поправаат, или со запечатени делови кои воопшто не можат да се поправат," објаснува Вајт.
Од 1-ви октомври 2015-та, во Британија стапува на сила новиот Закон за права на потрошувачите. Според него, доколку не сте задоволни од некој уред купен по 1-ви октомври имате 30 дена рок да го вратите од каде што сте го купиле и да ви ги вратат парите. По овие 30 дена го задржувате правото од продавачот да побарате да ви го заменат или поправат производот. Ако не ви успее поправањето или замената, тогаш пак може да побарате враќање на целата сума или да го задржите производот а да ви биде надоместен дел од цената.