Статусот на маските на главен моден додаток на 2020, главно се манифестираше со изработка на најразлични „дизјанерски“ верзии на маски.
Овој тренд Индијците го апгрејдуваа како што стандардно знаат, со многу накит и злато.
Па така сега во Индија почнаа да се продаваат маски накитени или прекриени со дијаманти и слични драги камења. Цената на маските со дијаманти почнува некаде околу 2.000 долари, и главно се накитени регуларни маски, за разлика од нив има и златни маски кои се целосно изработени од злато, не само позлатени, и кои чинат околу 4.000 долари.