Најк патиките се продадени на аукција во Кристис и со парите за кои се продадени стануваат најскапиот пар патики што некогаш бил продаден на аукција.
Се работи за Ер Џордан 1 Хајс, и се носени за време на неговото гостување во Италија во 1985.
Патиките се број 47,5, а за дополнителна автентичност во ѓонот на една од патиките се уште е заглавено стакленце од таблата што Џордан ја крши на натпреварот.
Претходниот рекорд за најскапо продадени патики го држеше исто така еден пар на Ер Џордан 1, кој во мај беше купен за 560.000 долари.