Среде пандемијата на коронавирусот, американскиот Stop & Shop реши да нарави нешто во корист на најранливата категорија луѓе од коронавирусот, старите.
Од шест до седум ипол сабајле нивните супермаркети ќе опслужуваат само луѓе над 60 години. Велат дека со ваков чекор сакаат во рамките на своите можности да направат нешто околу препораките за социјално дистанцирање - на ворасните лица да им обезбедат попристојни услови за купување и шанса да ги избегнат гужвите.
Нема да биде тоа ригидна одлука за која ќе се бара лична карта но велат дека вработените ќе имаат право некому да му кажат да го напушти објектот ако проценат дека тој очигледно не припаѓа на одредената старосна група.
Тајмингот е пасент (пред да се јавуваат по утрински емисии) а добро е и тоа што старите ќе можат да обават пазарење кога дуќаните се најчисти и дезинфицирани.